Страшна бучава ги разбуди утрово скопјани откако пред седиштата на Фејсбук и Гугл, во близина на Градскиот парк дојде до судир на двата скопски трамваи кои сообраќаат покрај најчистата река на светот, Вардар.
<
Според очевидци до несреќата дошло кога возачот на трамвајот на гуми, загледан во авантурист кој се спуштал со зиплајнот од Кале кон Влада, изгубил контрола над возилото и удрил во трамвајот на водород кој доаѓал од спротивната страна.
На местото на настанот излегоа градоначалникот на Скопје, Боки Јовановски и премиерот Амди Бајрам, кои ветија дека средствата за обнова на трамвајот ќе ги обезбеди ЕУ веднаш по добивањето на датумот за почеток на преговори, кој се очекува најдоцна оваа пролет.
#коперација