12.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаСветАмериканците не знаат каде е Иран и не можат да го пронајдат...

Американците не знаат каде е Иран и не можат да го пронајдат на мапа. (ВИДЕО)

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Повеќето Американци изгледа дека не знаат каде е Иран, дури и во време кога се чини дека САД се на раб да влезат во војна со оваа земја од Блискиот Исток.

<

Нова анкета на „Морнинг консалт“ покажува дека само 28 отсто од американските регистрирани гласачи знаат да покажат каде се наоѓа Иран на неозначена мапа од Блискиот Исток, Европа, Северна Африка и Јужноцентрална Азија.

Само 23 отсто од испитаниците знаеле точно да го идентификуваат Иран на мапа од целиот свет, дури и додека 69 отсто мислеле дека нападот во кој беше убиен Касем Сулејмани ја направил војната со Иран поверојатна.

Екипа на „Индепендент“ излегла на Тајмс сквер за да побара од луѓето да го најдат Иран на зумирана мапа од регионот.

Од десетина лица што се обиделе да го решат квизот, само еден точно ја идентификувал локацијата на Иран – млад човек од Франција.

Многу од другите посочуваат кон околните земји – еден го избира Авганистан, друг покажува кон Туркменистан, а трет кон Саудиска Арабија. Една жена дури и покажува кон Србија, додека еден маж набрзина покажува кон Франција пред да си помине.

– Иран е некаде тука во Источна Африка – вели еден човек покажувајќи кон Египет.

Потоа тој додава дека ја следи кризата иако не знае да ја најде земјата на мапа.

Еден човек, ветеран на морнарицата, кој вели дека бил распореден на Блискиот Исток во 90-тите години, сугерира дека Иран не е на мапата која му е дадена, пред да покаже кон Туркменистан откако се увери дека не е трик-мапа.

Погледнете како изгледа сето тоа.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...