2.9 C
Ohrid
вторник, декември 24, 2024
ПочетнаМакедонијаДа добиеме „Оскар“ би било чудо, ама со две номинации ќе смениме...

Да добиеме „Оскар“ би било чудо, ама со две номинации ќе смениме историја, вели Атанас Георгиев, продуцентот на „Медена земја“

spot_img

Длабоко во себе верувам дека Македонија ќе престане да си ги брка своите жители и дека и кај политичарите и кај граѓаните ќе завладее рационалниот однос и одговорноста кон другиот

Македонија дише во еден здив со екипата на документарецот „Медена земја“, која заедно со цела нација в понеделник во 14.20 часот ќе навива за да добие номинација барем за една од двете категории – за најдобар странски филм и за најдобар документарец. Првпат во историјата на нашата кинематографија еден филм се најде во потесна селекција во две категории. Топлата и потресна приказна за Атиџе допре до целиот свет.
Какво е чувството неколку дена пред да се соопштат номинациите за „Оскарите“, го прашавме продуцентот Атанас Георгиев. Тој вели дека ни оддалеку не им паѓало на памет дека „Медена земја“ ќе стигне дотаму да има толку награди, публика…

– Гледам да не мислам на тоа, но тешко ми оди. Најдобар начин да не се мисли на тоа е да се работи друг филм, по можност со силен капацитет. Занимавањето со екстремни спортови е добар рецепт за бегство од реалноста што следува, но за тоа немам баш време, така што ми останува да мислам само на филмовите што ги работам сега. Инаку, уште еден филм што го монтирав во 2019 година заврши со избор на „Санденс“ – „The Truffle Hunters“ (Италија/САД/Грција) – вели Георгиев и признава дека ќе биде среќен доколку филмот добие барем една номинација.
– „Оскар“ сигурно нема да има, тоа навистина би било чудо. Ако добиеме две номинации, менуваме историја. Успех е обратнопропорционално на среќа – вели Георгиев за Факултети.мк.
На прашањето што ако филмот кој го режираа Тамара Котевска и Љубомир Стефанов добие „Оскар“, продуцентот вели:

 

– Не знам. Животот ми е доволно променет и сега. Се надевам дека многу брзо ќе се вратам на старите рутини. Реално, тоа е она што јас навистина го посакувам. Длабоко во себе верувам дека Македонија ќе престане да си ги брка своите жители и дека и кај политичарите и кај граѓаните ќе завладее рационалниот однос и одговорноста кон другиот. Верувам дека нема да бидам по третпат принуден да емигрирам барајќи ги основните работи без кои не знам како успеавме да преживееме досега: чист воздух, основно здравство и квалитетно образование. Политиките нема да ги коментирам, не можам да им го фатам крајот. Тука се сретнува сѐ, од трагедија преку црн хумор до фантастика. Тоа тешко се разграничува, а уште потешко се исправа – вели Георгиев.
На нашето прашање од кој филм најмногу се плаши за „Оскарот“ за документарен филм, тој вели:
– „American Factory“. Џулија Рајнхарт е режисерка со долгогодишно искуство, а филмот е финансиран од Обама и е за кинеската окупација на САД. На „Оскарите“ секогаш има сериозна конкуренција – вели продуцентот.
„Медена земја“ деновиве повторно се прикажува во Скопје и тоа во киното „Милениум“, во Кинотеката ќе почне од 13 јануари, а во „Синеплекс“ од 16 јануари.
Во Македонија до 8 јануари го погледнаа 21.216 гледачи во 30 града во земјата. Во Скопје филмот имаше 9.979 гледачи во период од девет недели. Филмот го виде публиката во: Кратово, Штип, Крива Паланка, Струга, Куманово, Битола, Охрид, Свети Николе, Делчево, Тетово, Гостивар, Пробиштип, Македонски Брод, Македонска Каменица, Неготино, Богданци, Крушево, Радовиш, Кичево, Прилеп, Кочани, Пехчево, Гевгелија, Виница, Валандово, Берово, Демир Хисар, Струмица и Кавадарци.

Повеќе од 40 награди досега освои филмот на светски фестивали, а првото големо признание дојде од престижниот „Санденс“ минатата година.

„Медена земја“ деновиве во САД доби неколку нови престижни награди за најдобар документарец и за кинематографија. Тимот на македонскиот документарец ја прими наградата за најдобар документарен филм што ја доделува најпрестижното здружение на филмски критичари во Америка, New York Film Critics Circle.
fakulteti mk
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Паѓа случајот „Организатори 27 април“? Направени битни пропусти во постапката, констатира Обвинителството

Утврдени битни пропусти и свесно манипулирање во процесот на организатори за настаните за 27 април. Самото Обвинителство денес се произнесе во случајот дека не...

Ахмети: ДУИ е ураган, не прифаќаме Македонците да бидат аги, а ние да бидеме слуги

Сме биле покрај Македонците во најразлични ситуации и ќе останеме, но не прифаќаме тие да бидат аги, а ние да бидеме слуги. Додека немаме...

Градот Тетово не е украсен за Нова Година-Општината немала пари.

Градот Тетово не е украсен за Нова Година. Повеќето граѓани кои ги прашавме велат дека празниците немаат ништо со верскиот аспект ниту националниот туку...

Граѓаните не гледаат дека има намалување во маркетите, освен на производите кои помалку се трошат

Граѓаните велат дека не гледаат дека е намалено нешто во маркетите. Велат дека има намалување само кај неколку производи од еден производител што помалку...