13.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаСветАвстриските власти ќе им забранат на наставничките да носат хиџаб во училиштата

Австриските власти ќе им забранат на наставничките да носат хиџаб во училиштата

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Откако ја најавија забраната за носење муслиманска марама (хиџаб) за девојчињата до 14-годишна возраст, новата австриска министерка за интеграција Сузане Раб изјави дека како следен можен чекор се разгледува и забраната за сите учителки, наставнички и професорски во јавните школи.

<

Весникот „Кронен цајтунг“ јавува дека Раб (министерка од австриската Народна партија – ОВП) вели дека во новата австриска влада „има широк консензус“ за оваа тема.

Според неа, станува збор за примери кои се учат во училиште. Таа не наведува кога би се спровела забраната за носење хиџаб, ниту за тоа како е договорен „првиот чекор“ на ниво на владата. Забраната за вработените во образованието ќе биде „вториот чекор“.

Министерката повторно ја оправдува забраната за носење марами за девојчиња помлади од 14 години, изјавувајќи дека на крајот целта е сите девојчиња помлади од 14 години да се научат да бидат самоуверени жени.

– Станува збор за споделување на основните вредности кои мора да се почитуваат – истакна Раб и додаде дека сака со министерот за образование Ханјц Фашман да ги утврдат начините за вклучување на родителите, децата, учителите, како и одборот на директори во овој процес.

– Прво мора да се утврди мерката за раст на свеста, но доколку не биде успешна, тогаш треба да следуваат санкции – изјави Раб.

Претходно беше соопштено дека Исламската верска заедница во Австрија поднела жалба до Уставниот суд поради забраната за носење марами во училиштата.

Од оваа школска година во австриските основни училишта е забрането „носење верски обележја на облеката кои се поврзани со сокривање на главата“.

Исламската верска заедница смета дека со забраната се крши основното право на слобода на вероисповед, како и правото на родителите да ги воспитуваат децата.

Откако забраната стапи во сила, односно од почетокот на школската година до крајот на ноември, во Австрија имало само осум случаи кога девојчиња дошле на училиште со марама. Во тие случаи родителите го прифатиле почитувањето на законот, на што им укажала управата на училиштата.

Извор: МИА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...