12.9 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаСкопје и 20 општини за Нова Година потрошиле повеќе пари отколку што...

Скопје и 20 општини за Нова Година потрошиле повеќе пари отколку што чини ”Мерцедесот на Груевски”

Само Градот потрошил околу 285 илјади евра, што е удел од 42 отсто од вкупните пари за оваа намена. Споредено со претходната година, намален е бројот на општини што се украсени, но е зголемена вредноста на тендерите.

Ова го покажува базата на податоци за сите тендери на локалните власти што денеска ја објави Центарот за граѓански комуникации.

Според податоците, дури 91 отсто од парите за украсување на улиците и плоштадите за дочекот завршуваат кај две скопски фирми, Линк Медиа Плус и Метал-Вет-Ел.

Околу 490 илјади евра односно 73 отсто од парите за новогодишното украсување се потрошени во Скопје и тоа од градските власти и од општините Центар, Аеродром, Карпош, Чаир, Бутел, Гази Баба и Шуто Оризари.

-По Град Скопје најголемите договори за украсување ги имаат склучено скопските општини Центар и Аеродром истиснувајќи ги општините Карпош и Струмица кои лани беа на овие позиции. Промената се должи на тоа што Општина Центар годинава спроведе тендер по пауза од две години во вредност од 56.847 евра, а Општина Аеродром пак, ја зголеми вредноста на договорот за 54 отсто и за украсувањето потроши 48.519 евра, соопштува Центар за граѓански комуникации.

Освен што договорите ги добиваат истите фирми, податоците велат дека продолжува и старата навика на задоцнето објавување на огласите за јавна набавка на новогодишно украсување што секако, според Центарот за граѓански комуникации, неповолно влијае врз конкуренцијата и ги оневозможува потенцијалните понудувачи потемелно да ја подготват реализацијата на договорите.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...

Абе дојдете кој сакате: Лидерот на Левица, фрли слушалки кон пратеник и се обиде физички да се пресмета

Малку фалеше да дојде до физичка пресметка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието. Апасиев најпрвин влезе во вербална...

Давкова: Ќе се сретнам утре со Шекеринска за да и честитам.

Дозволете, да Ве информирам дека утрово беше остварен телефонски разговор со госпоѓата Радмила Шекеринска-Јанковска. Во разговорот ѝ е упатена покана за средба со цел...