7.3 C
Ohrid
вторник, ноември 26, 2024
ПочетнаМакедонијаРоберт Алаѓозовски превел и објавил бугарски роман кој безочно ги негира Македонците!

Роберт Алаѓозовски превел и објавил бугарски роман кој безочно ги негира Македонците!

Во издание на издавачката куќа „Готен“ од Скопје, чиј основач и сопственик е Роберт Алаѓозовски, таканаречениот национален координатор за култура во Владата на Македонија, излезе од печат роман на околу 500 страници со наслов „Бежанци“ од бугарската писателка Весела Љахова, во кој на безочен, дрзок и безобразен начин се негира постоењето на Македонците и македонскиот народ.

Романот е објавен во превод токму на „националниот координатор“ за култура, кој и со тоа во потполност ја подржува политиката на Заев за уништување на македонскиот национален идентит, јазик и култура. Во предговорот на авторката, кој исто така е преведен од Алаѓозовски, меѓудругото стои дека „романот опишува реални историски настани од Драмското востание од 1941, дебугаризација на Егејска Македонија по Втората светска војна, трагичната судбина на бугарското малцинство во Грција до средината на ХХ век“, подвлекувајќи дека „бугарските жртви во истиот настан се осудени на заборав“.

Во продолжение на овој авторски предговор пишува дека „страдањето на илјадници Бугари заслужува да биде обмислено, усвоено и да се претвори од траума во историско и емоционално искуство“.

Понатаму, во предговорот во кој се негира македонскиот народ, кој авторката го посветува на бугарскиот народ во Егејска Македонија, стои дека тој треба да „посведочи за потомците на оние Бугари, кои пред децении преточитале да останат на своите родни огништа како граѓани на грчката држава“, но и „дека не се заборавени и дека преку нивните дедовци се дел од бугарската татковина“.

Колку за потсетување: Драмското востание е кренато на 29 септември 1941 година од стана на македонскиот и грчкиот народ против бугарската окупација.

Востание почнало ноќта помеѓу 28 и 29 септември 1941 година, под раководство на Окружниот комитет на Комунистичката партија на Грција за Драмско, со напад на партизанските единици од Просочен врз општината, полициската станица и касарната. Востанието се проширило во Доксат, Карликово, Чали, Силиндрук и во други места. Бугарските власти го задушиле востанието при што биле убиени околу 3000 души.

По неуспехот во Драма и при првите контрадејствија на бугарските сили, партизаните се повлекле во базите во Кушница и Чал даг за да се прегрупираат. Бугарските воени и полициски сили започнале со настапување и на 30 септември востаниците се повлекле од рамните области и борбите се фокусираат во северните области на Кавалско и Правишко.

Бугарските власти формираат три жандармериски групи, кои од 1 до 6 октомври започнале со чистење на регионот. Со помош на артилерија и авијација базите на востанниците во Кушница и Чал даг се уништени.

Последните остатоци на отпор се уништени до 5 ноември. Како резултат на востанието биле убиени околу 3000 лица од грчко-македонска страна и 211 од бугарската.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Раде Штекли нуди работа, плата 3000 евра !!!

Изминатиов период Раде Штекли ја разбранува јавноста откако врз него три пати беше извршен обид за ликвидација. Овој пат Раде нуди 3000 евра плата за...

Посмртните останки на Митрополитот Тимотеј ќе бидат изложени за проштално збогум во храмот на Свети Климент Охридски на Плаошник

Со болка во срцата и со искрено сочувство, ја известуваме јавноста дека денеска, 25.11.2024, на споменот на Светиот Јован Милостив, се упокои во Господа...

Писмо со сочувство од градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков по повод упокојувањето на владиката Тимотеј

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денеска испрати писмо со сочувство до Синодот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија и до правосвештенството по повод...

Драма во Гевгелија: Шоферот на Брзата помош го претепал лекарот !!

Во Полициската станица Гевгелија, вчера попладне Р.Ц.(36), лекар во Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека околу 12.00 часот во Медицински центар Гевгелија бил физички...