14.9 C
Ohrid
сабота, август 16, 2025
ПочетнаМакедонијаСемејство од Прилеп преживува голгота: Две години живее без струја во мизерни...

Семејство од Прилеп преживува голгота: Две години живее без струја во мизерни услови

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Повеќе од 2 години живеат без струја. Исклучена им е им поради заостанат долг од околу 220.000 денари. На овие минусни температури се топлат само со гранки кои ги собираат во дворот и околијата, но за жал и шпоретот на дрва чади од сите страни и е во лоша состојба. Вода имаат само во дворот.

<

Немаат купатило, личната хигиена ја одржуваат капејќи се дома во метално корито, на сличен начин мијат и садови. Оваа импровизирана лимарија е тоа што тие го нарекуваат тоалет. Вака изгледа жалната животна судбина на трочленото семејство Ѓорѓеви од Прилеп.

„Премногу е тешко да се живее во вакви услови. Тешко е минус 20 да се носи вода од надвор во шишиња и личната хигиена се одржува тешко. Собираме гранки и со нив се грееме“, истакна Македонка Ѓорѓева, жител на Прилеп.

Мувлата е декор на сите ѕидови во куќата, скршените прозорци ги покриваат со кебиња за да не им студи. Живеат само со минималната пензија на Зорка Спиркоска и мала социјална помош, но тие средства не се доволни за да се подмират сите животни потреби, а требаат и средства за школување на синот на Македонка, која за жал не е работоспособна за тешка физичка работа.

„Едвај ги задоволуваме потребите за лекови и храна, а понекогаш и позајмуваме на разни начини. Барам да ми се прости долгот за струја за да можам понатаму да го продолжам животот. Ако се можи да се реновира нешто домот бидејќи постојано живеам во мувла и барам вработување за да можам да си ги плаќам редовно сметките и да купувам храна“, додаде Ѓорѓева.

Ѓорѓеви се надеваат дека институциите ќе ги слушнат нивните барања и ќе им овозможат достоинствен живот и нормален живот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нов крвав инцидент во пихијатриската болница Бардовци!

Вчера наутро, лекари од психијатриската болница во Бардовци пријавиле дека претходната вечер во болницата се случил инцидент во кој еден пациент нападнал друг, а...

Малолетно девојче натепано од 64 годишна жена.

На 14.08.2025 околу 23:00 часот во СВР Скопје, И.В.(43) од Скопје пријави дека околу 22:10 часот на подрачјето на Гази Баба, неговата малолетна ќерка...

Лишен од слобода 19-годишник во Тетово поради предизвикување пожар

Денеска (15.08.2025) околу 16:15 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.М.(19) од Скопје, со привремено место на живеење...

Што се знае за Македонецот кој пукаше во Марко Љубиша – Кан: Бил во хотелот како српски државјанин, еве како избегал

Андреј Танасковски (18) од Македонија е осомничен за обид за убиство на Марко Љубиша, познат како Кан (56), од Будва. Во тек е интензивна потрага...