8.9 C
Ohrid
вторник, ноември 26, 2024
ПочетнаМакедонијаЃорѓиевски: Лицето кое пукаше во полицаец е амнестиран од Заев во пакетот...

Ѓорѓиевски: Лицето кое пукаше во полицаец е амнестиран од Заев во пакетот од 800 ослободени криминалци од затворите

Граѓаните и полициските службеници ја плаќаат сметката за коалицијата помеѓу Зоран Заев и подземјето во Република Македонија, обвинува Орце Ѓорѓиевски – Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Вчера беше стрелано кон полицаец на должност во Велес од лице кое било дел од ослободените криминалци со Законот за амнестија кој што го донесе СДСМ пред две години. Да потсетиме тогаш СДСМ ослободи 800 криминалци од затворите и со тоа директно ја загрози безбедноста на нашите граѓани, а сега со последниот случај ја гледаме дека ја загрозил и безбедноста на полициските службеници. Ние и тогаш и сега велиме дека ослободувањето на 800 криминалци е резултат на предизборната коалиција на Заев со криминално мафијашките структури во нашата земја. Данокот, за жал го плаќаме сите ние. Тогаш Оливер Спасовски и Заев ги празнеа затворите, ама затоа ги наполнија улиците со криминалци кои ограбуваат домови на граѓани, банки, обложувалници, аптеки, но и пукаат кон недолжни граѓани и полициски службеници, истакна тој.

Ѓоршиевски посочува дека благодарение на Зоран Заев и Оливер Спасовски криминалот во Република Македонија царува.

-Криминалците кои добија ослободување сега се уште поосоколени да дивеат, бидејќи врвот на СДСМ им е директен заштитник. Овој случај од Велес покажува дека повторно во пресрет на изборите во април, криминалците се охрабруваат од некој политички моќници, за потоа тие да одработуваат во кампањата и тоа директно за СДСМ. Ваквото неодговорно и антидржавно однесување на СДСМ, Заев и Спасовски ќе ги чини многу нашите граѓани, а ќе ја чини и Република Македонија. Одговорност за нив мора да има, истакна тој.

курир

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На македонскиот Маж на годината му се роди ќерка – бебето доби библиско име.

Битолчанецот Љупчо Крстевски кој публиката на социјалните медиуми го одбра за „Маж на годината“ стана татко по вторпат. Се роди мојата втора радост. Нека расте...

Возачката дозвола ќе ви важи и во Обединетите Арапски Емирати.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски од 24 до 27 ноември со делегација на министерството е во работна посета на Министерството за внатрешни работи...

Жена на возраст од 61 година го роди своето прво бебе на Клинката за гинекологија во Скопје

Жена на возраст од 61 година го родила своето прво бебе на Клинката за гинекологија во Скопје Директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Ирена...

Раде Штекли нуди работа, плата 3000 евра !!!

Изминатиов период Раде Штекли ја разбранува јавноста откако врз него три пати беше извршен обид за ликвидација. Овој пат Раде нуди 3000 евра плата за...