18.8 C
Ohrid
четврток, август 14, 2025
ПочетнаСветПостои загриженост дека 5Г мрежата води до стерилитет кај мажите.

Постои загриженост дека 5Г мрежата води до стерилитет кај мажите.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Постои загриженост дека зголеменото ниво на електромагнетно зрачење во Велика Британија со зголемувањето на покриеноста на 5Г мрежата низ целата земја може сериозно да влијае на плодноста кај мажите, објави „Дејли Стар“.

<

Со поставувањето на 5Г мрежата во Велика Британија, чие поставување почна минатиот мај, предизвика протести на оние кои веруваат дека повисоки нивоа на електромагнетно зрачење (ЕМИ) во атмосферата се опасни и оти е неопходно да бидат тестирани како влијаат на здравјето.

Во писмо, доставено до Даунинг стрит минатата недела, се повикува премиерот Борис Џонсон да започне истрага за „утврдување на вистинското влијание на системите за безжични комуникации врз здравјето на населението во Велика Британија“.

„Исклучително сме загрижени за ранливоста на нашите млади мажи и адолесценти од штетните ефекти на пулсирачкото зрачење на радиофреквенцијата“, се вели во писмото доставено со две петиции, од кои едната потпишана од 268 лекари и научници.

„Проучувањата покажуваат дека ова нејонизирачко зрачење предизвикува оксидативно оштетување на ДНК во клеточните системи и ова може да биде особено штетно за репродуктивниот систем на млади момчиња, адолесценти и млади мажи“, се истакнува во писмото.

Бројот на сперматозоиди кај британските мажи се намали за 29 проценти во текот на последната деценија. Бројни меѓународни студии откриваат врска помеѓу зголемената употреба на мобилни телефони и падот на количината и квалитетот на спермата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Познато целото име и презиме на Македонецот од Струмица кој е убиен во Боливија

Познат е целосниот идентите на македонскиот државјанин убиен во јужноамериканската држава Болиција, заедно со уште двајца српски државјани. Како што објавија пред малку српските...

Тела на двајца Срби и на еден Македонец пронајдени во црни вреќи

Двајца Срби и еден Македонец, беа убиени во прсметка на нарко-картел во Јужна Америка.Телата на двајца Срби и еден Македонец убиени во Јужна Америка,...

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...