27.9 C
Ohrid
петок, август 15, 2025
ПочетнаМакедонија4 години ни трага ни глас од Марина Арсова, која остави маж...

4 години ни трага ни глас од Марина Арсова, која остави маж и дете..

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ниту трага, ниту глас и по 4 години од исчезнувањето на сега веќе 37 годишната Марина Арсова. Марина, по потекло кочанчанка, а мажена во Штип, за последен пат е видена на 29 декември 2015-та година, кога излегла од домот во штипската населба 8-ми Ноември, оставајќи ги сопругот и тогаш 9 годишната ќерка и повеќе не се вратила. Истиот ден се јавила на мајка си во Кочани.

<

– Последните 3 дена на работа многу плачела. Тоа го знаеме од нејзини колешки. Мене ми се јави и ми рече дека ќе дојде на гости за Нова Година, но тоа не се случи-изјави Ленче Цветкова, мајка на исчезнатата Марина Арсова

Една недела подоцна нејзиниот сопруг пријавил во полиција дека Марина ја нема. Нејзината мајка вели дека повеќе од 700 денови живее во агонија, но верува дека мајчинскиот инстинкт не ја лаже.

– Телефонот ќе заѕвони, јас трчам да се јавам, мислам дека е таа. Повеќе немам сила да издржам. А таа е жива. Го чувствувам тоа овде, иако срцето ми е празно, чувствувам дека е жива – изјави Ленче Цветкова, мајка на исчезнатата Марина Арсова

Цветкова повторно го побара вниманието на јавноста, зашто смета дека можеби во меѓувреме некој ја видел или пак слушнал некоја информација која ќе може да им помогне на истрагата.

– Ако можат да помогнат, било каква информација да добиеме- додаде Цветкова

Со внуката се гледаат секоја втора недела. Така определил Центарот за социјални работи, откако таткото побарал од дедото и бабата да поднесат барање за можат да ја гледат и да бидат со неа. Од полицијата информираат дека потрагата сеуште трае.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: Капацитетите на Армијата се зголемуваат – нови 29 оклопни возила од САД

Почитувана амбасадорка на САД, Почитуван министер, Почитуван началник на Генералштабот на македонската Армија, Почитувани припадници на македонската Армија, Драги гости, пријатели, За мене претставува голема чест и задоволство што...

Ова е 18 годишниот Македонец Андреј. Т, кого полицијата го бара за обид за убиство

Осумнаесетгодишен државјанин на Северна Македонија Андреј Т минатата недела се обидел да го убие Марко Љубиша, со прекар Кан (56), од Будва, соопшти Полициската...

Пронајден е исчезнатиот струмичанец.!

РОБЕРТ ДРВОШАНОВ ПРЕД МАЛКУ Е ПРОНАЈДЕН ЖИВ И ЗДРАВ. ВИ БЛАГОДАРИМЕ НА СИТЕ ЗА ГОЛЕМАТА АНГАЖИРАНОСТ, БЛАГОДАРЕНИЕ НА СИТЕ ВАС УСПЕАВМЕ ДА ГО ЛОЦИРАМЕ...

Од денеска училишниот прибор со нови намалени цени од 10 и 15 проценти

Од денес почнува кампањата на Владата за намалување на цените на училишниот прибор за 10 и 15 проценти. Имајќи предвид дека дел од трговците прес...