2.9 C
Ohrid
недела, декември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаПогледнете што јаде нашата Атиџе со Холвудските Ѕвезди, на доделувањето на Оскарите....

Погледнете што јаде нашата Атиџе со Холвудските Ѕвезди, на доделувањето на Оскарите….

spot_img

Волфганг Пак, главниот готвач на приемот по овогодишните доделувања на престижните Оскари во Лос Анџелес, изјавил дека ќе сервира јадења кои ќе бидат 70 отсто вегетаријански, но на менито ќе се најдат и чаден лосос и кавијар.

Пак кој 26-та година по ред ќе се погрижи за менито по церемонијата на Оскарите, рекол дека покрај вегетаријанските јадења ќе има и јапонско јунешко месо како и пици во облик на статуетката Оскар и традиционалниот чаден лосос и кавијар.

“Припремаме разни јадења бидејќи иако многумина сакаат вегетаријански јадења, сепак повеќето обожуваат риба и месо”, изјавил Волфганг за медиумите.

20 February 2019, US, Los Angeles: The traditional salmon oscars of the star chef W. Puck lie in his kitchen. Immediately after the Oscar Gala, the native Austrian will be hosting his traditional gourmet event for the 25th time at the Governors Ball. (to dpa “Knödel für die Stars – Wolfgang Puck cooks the Oscar guests” from 21.02.2019) Photo: Barbara Munker/dpa (Photo by Barbara Munker/picture alliance via Getty Images)

70-годишниот готвач кој го учел занаетот во француските престижни ресторани како што е “Максим”, рекол дека не е вегетаријанец, но сака да припрема такви јадења бидејќи е голем предизвик за готвачите да приготват вегетаријански оброк кој ќе биде подеднакво вкусен како јадењата со месо.

На приемот ќе има 18 вегетаријански оброци за околу 150 поканети гости. На менито ќе се најдат кускус од зеленчук, тиквички во кинески сос со црн ориз и сос од мента и коријандер со сварени мали компири.

HOLLYWOOD, CA – FEBRUARY 27: Celebrity Chef Wolfgang Puck arrives at the 77th Annual Academy Awards at the Kodak Theater on February 27, 2005 in Hollywood, California. (Photo by Frank Micelotta/Getty Images)

Од јадењата со месо ќе бидат понудени минијатурни бургери од јапонско јунешко месо и пилешко месо полнето со црни печурки. За десертот е задолжена група од 25 слаткари кои ќе прават колачи без јајца и млеко, но ќе користат млеко од бадем и кокос.

Кралицата на слатките ќе бидат статуетките Оскар од чоколадо. Ќе бидат направени околу 5000 чоколадни статуетки, а слаткарите ќе употребат околу 400 килограми чоколадо.

Поканетите, односно номинираните за Оскар кои нема да освојат признание, пред приемот ќе добијат подароци во вредност од 215.000 долари по лице.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нема вина кај сопствениците чие куче усмрти дете во Пинтија, утврди истрагата

Затворена е постапката за сопствениците на кучето кое во април минатата година усмрти осум годишно дете. Обвинитествлтвото преземало низа дејствија за да утврди вина...

Две колешки од велешка пошта се степале на работа

Две колешки од велешка пошта се степале на работа Две вработени од велешката пошта се степале вчера додека биле на работа, соопшти полицијата. Инцидентот го...

Претреси во Тетово, пронајдени над 75.000 парчиња пиротехника.

Полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба денеска во периодот од 9:30 до 14:20 часот извршиле претреси на повеќе локации во Тетово и...

Албанија – прва земја на Балканот која го забрани Тикток

Албанската влада одлучи да ја блокира платформата Тикток во Албанија. Оваа вест ја потврди министерката за образование Огерта Манастирлиу при презентацијата на Новиот акциски...