18.9 C
Ohrid
вторник, мај 7, 2024
ПочетнаМакедонијаБлашко Димоски: Ве молам сите да се помолите за малечкиот Дарин, лекарите...

Блашко Димоски: Ве молам сите да се помолите за малечкиот Дарин, лекарите се немоќни, само Господ може сега ни помогне..

Драги мои пријатели, има едно детенце, во болница е во Германија, наше е, македонче, миличко едно, со очиња како изворчиња, Дарин се вика, гордост на мама и тато. Веќе три недели се борат во болницата за него, и лекарите, и неговите родители, кои исто така се лекари, Тања и Блашко се викаат.

Едно пиле веќе им замина кај дедо Боже, една мала принцезичка, Нина, на седум годинки, а Дарин што сега се бори за живот ѝ е помалото братче. а го оперираа со саати, меѓутоа прогнозите не се добри.

Мозочето престанало да му работи. Сега само чудо може да ни го врати Дарин, само чудо, само дедо Боже, а може да се случи такво чудо, имало и ќе има, и затоа ве молам, ако некој од вас го прочита ова, помолете се за него, за дедо Боже да му ја врати силата, да ги отвори очињата, малку само да трепне, да се помрдне, да им даде знак на живот на неговите родители, да направиме ланец од молитва и со љубов да ги прегрнеме и Дарин и неговите родители.

Ништо не е важно. Ништо. Што и да имаш, со што и да си опкружен, какви грижи и притисоци и да те мачат во животот, ништо не може да се спореди со мајчинската, родителската љубов, и болката, да си го гледа чедото како губи животна сила. Ве молам мили мои, пуштете една молитвичка до Небото<3 Дарин се вика, Авенџери ги сака.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тројца мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објект во општина Чаир каде се чува изборниот материјал

Денеска (07.05.2024) во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот...

Македонски пејачи ќе пеат во Ќустендил на настан за културно обединување

Втора година по ред во бугарското село Слокоштица, Ќустендил, ќе се одржи музичката манифестација Балканска средба – Музика без граници, на која е најавено...

Кичеец се чувствува загрозен од Боки 13, го пријавил за три кривични дела

Зоран Милевски-Кичеец се чувствува загрозен од Бојан Јовановски-Боки 13 и го пријавил во полиција, пренесува Скопје1. Од Охрид барал да одговара за три кривични дела,...

Пронајден охридскиот автомобил кој беше украден ноќеска!!!

Автомобил „Сеат Леон“ беше украден ноќеска во центарот на Охрид. Како што дознаваме возачот паркирал пред една самопослуга и влегол во неа, по што крадците...