28.9 C
Ohrid
петок, август 15, 2025
ПочетнаМакедонијаДокторите во Скопје се борат за животот на две лица зарезени од...

Докторите во Скопје се борат за животот на две лица зарезени од грип.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

вајца пациенти со компликации од грип се на механичка вентилација на Универзитетската Клиника за инфективни болести и се во животозагрозувачка состојба, информираат од таа јавна здравствена установа.

<

На Инфективната клиника се хоспитализирани вкупно 38 пациенти со компликации од грип.

На Универзитетската Клиника за детски болести, пак, се хоспитализирани 17 пациенти со симптоми на грип, но сите немаат компликации. Директорката на Клиниката, Наташа Најдановска Алулоска денеска изјави дека две деца се хоспитализирани со потешка форма на бронхопневмонија од компликации од грип и посочи дека немаат пациенти со грип кои се на механичка вентилација.

Во врска со девојчето кое вчера почина на таа Клиника од компликации од грип, таа рече дека тоа имало хронична болест, енцефалопатија и церебрална парализа.

– Почина со пневмонија како компликација од грип. Детето беше долги години пациент на Клиниката, а со грип беше лекувано два дена, додаде д-р Најдановска Алулоска, одговарајќи на новинарско прашање пред стручната презентација на тема „Леукемија болест што се лекува“, што се одржа на Медицинскиот факултет.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Што се знае за Македонецот кој пукаше во Марко Љубиша – Кан: Бил во хотелот како српски државјанин, еве како избегал

Андреј Танасковски (18) од Македонија е осомничен за обид за убиство на Марко Љубиша, познат како Кан (56), од Будва. Во тек е интензивна потрага...

Голем пожар во Јажинце – патот кон граничниот премин затворен

Голем пожар во Јажинце – патот кон граничниот премин затворен Директорот Мухамед Али и командантот на Бригадата од лице место ги координираат активностите за спречување...

Угинати животни во коритото на Вардар во центарот на Скопје

Во центарот на Скопје, во коритото на реката Вардар, забележани се угинати животни кои скапуваат, предизвикувајќи непријатна слика и загриженост кај граѓаните. Принтскрин:Канал5

Трипуновски: По 6 години застој се порибува Охридското езеро со околу милион единки на охридска пастрмка

Денеска се наоѓам во Хидробиолошкиот завод - Охрид, поводот е порибување на Охридското езеро согласно договорот кој го склучивме во Министерството со Хидробиолошкиот завод...