8.9 C
Ohrid
среда, мај 8, 2024
ПочетнаЗабаваЧетири семејства го отфрлиле ова куче инвалид, го вдомил човек кој знае...

Четири семејства го отфрлиле ова куче инвалид, го вдомил човек кој знае како му е

Животните кои го поминуваат својот живот во азил, мечтаат за топлината и љубовта која ја пружа семејниот дом. Но, не секое од нив ја има истата среќа бидејќи некои вдомени животни брзо се отфрлаат.

Во прифатилиштата се наоѓаат и животни кои во текот на животот преживеале трауми поради кои се соочиле со деформитет. Тоа е случај и со кучето со име Бандит. Неговите задни нозе останале неподвижни поради здравствени проблеми, а неговата тажна приказна стигнала до човек кој исто така се движи со помош на количка. Тој не се двоумел дали да ја преземе грижата за Бандит бидејќи најдобро знае колку е тежок животот на еден инвалид.
Бандит дури четири пати бил вдомуван, но секој пат го враќале во прифатилиштето. Тој бил спасен од улица, а потоа префрлен во азил за животни во сојузната држава Џорџија. Потоа се нашол под надзор на организација која работи при локалниот затвор – таму живеат кучиња кои се поштедени од евтаназија, а за нив се грижат затворениците.

Ветеринарите откриле дека Бандит има срцев паразит и дека ќе му биде потребно долго и упорно лекување. Се чинело дека нема да се појави семејство кое би го прифатило сè додека не се појавиле Дерел и Су Рајдер. За првпат го виделе на Фејсбук и не им сметало што животното има посебни потреби бидејќи и Дерел се соочува со истиот животен проблем. Тој останал парализиран од струкот надолу како последица од повреди добиени во несреќа. Првобитните прогнози укажувале дека одземеноста на нозете е привремена, но се случило најлошото сценарио, пренесува “Bored Panda”.

“Најинтересно е што Бандит и јас ја делиме истата судбина. И двајцата имаме иста дијагноза и користиме инвалидска количка. Су и јас добро знаеме што е неопходно за Бандит да има нормален живот, неговото присуство го продлабочи нашиот однос”, вели Дерел и додава дека Бандит одлично се вклопил во новиот дом:

“Се прилагоди на животот во нашиот дом подобро отколку што очекувавме. Ние сме неговото семејство и не би биле волку среќни доколку тој не беше со нас”.

Tocka.mk

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јаулески: Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие!

Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие! Му благодарам на Бога што ме удостои...

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња ...

Тројца мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објект во општина Чаир каде се чува изборниот материјал

Денеска (07.05.2024) во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот...

Македонски пејачи ќе пеат во Ќустендил на настан за културно обединување

Втора година по ред во бугарското село Слокоштица, Ќустендил, ќе се одржи музичката манифестација Балканска средба – Музика без граници, на која е најавено...