19.9 C
Ohrid
недела, јуни 8, 2025
ПочетнаМакедонијаПовик до невработени: По 9.000 денари месечно ако се вклучите во мерката...

Повик до невработени: По 9.000 денари месечно ако се вклучите во мерката “Практикантство“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Врз основа на Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2020 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, за мерката 5. Практикантство, финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија на ден 31.01.2020 година, се објавува

<

ЈАВЕН ПОВИК/ИЗВЕСТУВАЊЕ

до

невработените лица

Се повикуваат невработените лица до 34 години евидентирани во АВРСМ со минимум завршено основно образование кои немаат работно искуство согласно образованието и се заинтересирани да се вклучат во мерката Практикантство за период до 3 (три) месеци кај работодавачите заради стекнување на одредени практични знаења и вештини, да се пријават во работните клубови на центрите за вработување на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, секој работен ден од 9:00 до 14:00 часот.

За секој кандидат кој ќе биде избран и вклучен во мерката Практикантство, се предвидува финансиска поддршка во износ од 9.000,00 денари месечно (со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест и данок на личен доход) за периодот за кој се извршува практичната обука.

Заинтересираните невработени лица за учество во мерката можат да аплицираат се до исполнување на предвидениот опфат на корисници.

Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, работодавачите и кандидатите.

Детални информации можат да се добијат во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, контакт телефон 02-3111-850 и веб страната www.av.gov.mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...