24.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаЈосипа Лисац заработи кривична пријава поради погрешно пеење на химната а што...

Јосипа Лисац заработи кривична пријава поради погрешно пеење на химната а што заработи нашата Тамара?

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Правникот Бошко Жупановиќ поднесе пријава против хрватската пејачка Јосипа Лисац за нејзината изведба на хрватската химна на инаугурацијата на новоизбраниот, петти по ред претседател Зоран Милановиќ. Јосипа Лисац пред два дена, на инаугурацијата на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, ја отпеа хрватската национална химна „Лијепа наша домовино“.

<

Во пријавата пишува дека Лисац ја извела химната на Република Хрватска на „навредлив и омаловажувачки“ начин и со тоа го нарушила угледот на државата користејќи „навредливи артикулации и тоналитети“.

Јас не сакам медиумско внимание. Го направив тоа како адвокат и граѓанин. Мислам дека тоа е обично исмејување и дека не прилега за никаков настан, а камоли за инаугурација на избраниот хрватски претседател, рече Жупановиќ за Индекс, додавајќи дека ова го смета за своја граѓанска должност.

Нешто слично се случи слично кога нашата пејачка Тамара Тодевска  на приемот во Амбасадата на САД во Скопје по повод 4 Јули, Денот на независноста не отпеа четири стихови од официјалната државна химна, притоа изоставајќи го делот каде се спомнуваат народните херои.

Таа  го испушти делот со „Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански!“ којшто следува по стиховите – „Одново сега знамето се вее, на Крушевската Република!“, а во нејзината изведба го немаше ниту делот „Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници!“, пред „Македонија слободна, слободно живее!“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

Владата денеска ќе одржи свечена седница на која ќе бидат одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата, како што најави владината...

Создавање природни човечки заби во лабораторија-Македонка на врвот на светската наука

Во свет исполнет со научни предизвици и иновации, сè поголем број Македонки се пробиваат на светската сцена, оставајќи силен белег во различни научни дисциплини...

Орце Ѓоргиевски: Најголемата шанса во политиката ми ја даде Мицкоски и Бог.

Во поткастот на ТВ Сител, кандидатот за градоначалник на Скопје Орце Ѓоргиевски вели дека најголемата шанса во политиката му ја дале Мицкоски и Бог. Тој...

Радикален Ислам се шири во Идризово – бројките растат, вели Пандов

Директорот на Управата за извршување санцкии, Александар Пандов, во поткастот „Претрес со Ландов“ призна дека се шири радикален Ислам во шестото крило во Идризово....