14.9 C
Ohrid
понеделник, мај 6, 2024
ПочетнаМакедонијаУште сапун да се набави за во градинките и училиштата, и спремни...

Уште сапун да се набави за во градинките и училиштата, и спремни ќе сме за Коронавирусот.

spot_imgspot_img

Владата на Република Македонија на денешната седница му наложи на Министерството за здравство (МЗ) итно да набави соодветна количина сапун и дезинфекциски средства за училиштата, детските градински и јавните тоалети.

Истовремено ги задолжи сите основни и средни училишта, како и сите универзитети да ги одложат сите предвидени патувања и екскурзии во Италија, но и да се организираат едукативни часови за превенција од корона вирусот. Кон установите за згрижување на деца од предучилишна возраст упати препорака да преземат мерки за соодветен третман за дезинфекција на обувките при влегување во градинките.

Алармот за потребата од превентивни мерки за заштита од коронавирусот доаѓаат по сознанијата за голем број заболени во северниот дел на Италија. Вчеравечер на Инфективната клиника во Скопје се пријавил италијански државјанин со сомнеж за коронавирус, но тестовите биле негативни. Негативен е тестот и кај вториот пациент, кој по шестдневен престој во Дубаи пристигнал во земјава, а кој денеска беше примен на Инфективната клиника во Скопје, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Филипче претходно упати апел до граѓаните доколку немаат потреба да ги одложат патувањата во регионот на Северна Италија, а додава дека веќе е воведена контрола на сите патници кои доаѓаат во нашата земја.

„На граничните премини се отстапуваат посебни простории каде ќе бидат интервјуирани сите патници кои доаѓаат од ризичните дестинации и ќе се врши првичен скрининг на нивната здравствена состојба“, соопштија од МЗ.

На Скопскиот аеродром, поставена е термална камера со која се следат сите патници кои пристигнуваат, додека на аеродромот во Охрид со безконтактен пиштол за мерење на телесната температура се прави скрининг на патниците кои пристигаат од ризични дестинации.

Патниците кои што доаѓаат од критичниот регион во Северна Италија, се упатуваат и пропуштаат само на неколку гранични премини и тоа: Богородица, Блаце, Деве Баир на Табановце и Ќафасан.

„Доколку има некој заболен со корона вирусот, тој се спроведува по соодветен пат од Здравствениот дом во Скопје со подготвен тим до Инфективната клиника во Скопје, каде постои еден дел за изолација, односно доколку е потребен и карантин. Доколку има патници коишто треба да се опсервираат и да се пратат, за тоа се подготвени инфективното одделение во Клиничката болница во Штип, како и инфективните одделенија во болниците во Велес и во Гостивар, по потреба, во зависност од тоа колку граѓани ќе треба, ако воопшто треба да се опсервираат“, информираше министерот Филипче.

Вирусот за прв пат се појави во декември минатата година во Кина, каде досега починале околу 2.664 луѓе, додека над 80.000 луѓе низ светот се заразени.

радио моф

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Прилепскиот шарпланинец Љубо стана светски Шампион.

Прилепскиот шарпланинец Љубо од одгледувачницата за шарпланинци Каравилоски го освои првото место во светот во расата шарпланинци на светското првенство кое се одржа...

Дедо Петар: Нашиот народ е мудар и знае за кого треба да гласа во среда !!

Ќе избереме добро или зло; вистина или лага; светлина или темнина; живот вечен или духовна смрт; Бога или ѓаволот?, прашува владиката Петар во пресрет...

Охриѓани ја продолжија традицијата – одиграа фудбалски натпревар стари против млади по повод Велигден!

Фудбалски натпревар кој 64-ра година по ред се игра по повод Велигден! Традиција која ја започнале жителите на Месокастро, а низ годините им се...

Да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, велигденска честитка на Мицкоски

Од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници им го честитам големиот христијански празник, Христово Воскресение – Велигден. Христовото воскресение...