И додека во Македонија е регистриран првиот случај на корона вирус, наместо достапност на неопходниот материјал маските достигнаа цена до 300 денари.
Ако најевтините маски беа околу 50 денари, а оние кои нудат поголема заштита околу 150, сега дотигнаа цена од околу 300 денари.
Дополнително е проблем што граѓаните се жалат дека не можат да дојдат до маски. Во меѓувреме министерот за здравство, Венко Филипче уверува дека ги има сите потребни материјали.