Наставник и 15-годишен ученик се степале во училиште на улицата Фуштанска во училиштето Крсте Петков Мисирков во скопската населба Ченто.
Како што информираат од МВР настанот се случил пред два дена и го пријавил таткото на ученикот, откако го забележал неговиот син со модрици по телото.
Според пријавеното, на физичката пресметка претходела расправија.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.