27.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаМакедонијаЛицата кои избегаа од штипската болница имале обична настинка, па од пусти...

Лицата кои избегаа од штипската болница имале обична настинка, па од пусти страв побегнале, но полицијата ведаш ги вратила назад.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Триесет и шест годишниот Виничанец и неговата партнерка со хрватско државјанство кои вчера доцна попладнето избегаа од штипското Инфективно одделение додека се вршело анализа дали мажот има позитивен или негативен тест на корона вирус денеска по препорака на санитарниот инспектор ќе бидат пуштени на домашно лекување, бидејќи тестот покажал дека не е заразен од овој вирус, објави денеска на прес-конференција директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев.

<

Тој истакна дека вчера околу 14 часот на Инфективното одделение со возило на Итната медицинска помош во придружба на епидемиолог од Виница пристигнале виничанецот и неговата партнерка, кој претходно се пожалил на покачена температура. На инфективното одделение биле сместени во соба на првиот кат на Инфективното одделение, каде што има посебен влез и излез.

Околу 14 и 30 часот земени му се резултатити за испитување има позитивна епидемиолошка анкета бил во Северниот дел на Италија и додека се чекаат резултатите од земените материјали пациентот заедно со неговата партнерка своеволно го напуштил Инфективното одделение, вели Ѓеорѓијев.

Додека биле сместени во болничката соба на долниот кат на Инфективното одделение, 36-годишниот виничанец успеал да го извади горниот дел од вратата и оттаму побегнале со неговата партнерка. Ѓеорѓијев вели дека се пронајдени во домот на виничанецот, а по неколку часа се вратени на Инфективното одделение во придружба на полицијата. Двајцата се сместени во изолациска соба на вториот кат од Инфективното одделение, а за неколку часа ќе ја напуштат по препорака на државниот санитарен инспектор. Пациентот вчера агресивно се однесувал кон медицинскиот персонал, додека се чекало да пристигнат резултатите.

-Во секој случај незадоволен од ситуацијата, така се случило си заминал, вратен е и веројатно е тој свесен за постпката која ја направил, бидејќи треба да се грижиш за сопственото здравје, но и за здравјето на сите околу него и какошто реков резултатот е негативен на корона вирус, посочи Ѓеорѓијев.

Апелира граѓаните да не шпеклуираат за настанот и да не се крева паника на социјалните мрежи. Инфективното одделение денсека е обезбедено од страна на полицијата.

Началникот на Инфективното одделение-Штип, Дијана Шишкова вели дека освен овие двјаца пациенти сместени во болничка соба, на одделението нема други пациенти ниту во собите, ниту, пак, во карантинскиот дел. Во меѓувреме обезбедена е и заштитната опрема за штипските инфектолози и 11 медицински сестри.

слободен печат

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Талески: Власта нуди министер за здравство информатичар кој не знае ни колку болници има во Македонија.

Кандидатот за министер за здравство, Азир Алиу, е апсурден и срамен потег на оваа власт. Срамно е што за министер за здравство, власта ќе...

Наскоро во Македонија лична карта и возачка дозвола во телефон!

Министерството за дигитална трансформација работи на дигитална апликација преку која граѓаните ќе имаат лична карта и возачка дозвола во електронски облик, а ќе имаат...

Азир Алиу изгласан за нов министер за здравство

Премиерот Христијан Мицкоски претходно во образложението на предлогот за Азири истакна дека верува оти неговата енергија и знаење ќе донесат нова димензија во менаџирањето...

Почина работникот од Кина кој падна од платформа кај селото Требеништа, при изградба на автопатот Кичево Охрид.

По пет дена борба за живот, работникот од Кина кој беше тешко повреден при изведба на градежни работи на автопатот Охрид – Кичево, вчера...