26.9 C
Ohrid
среда, јули 16, 2025
ПочетнаЗабаваИсповед на очајна жена од Струга: Мојот маж со години ме изневерува...

Исповед на очајна жена од Струга: Мојот маж со години ме изневерува со мојата сестра…

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Млада жена од Струга длабоко е рзочарана од сознанието дека нејзиниот сопруг ја изневерува и тоа со нејзината сестра со која била многу блиска.

<

Ова е исповед на 32 -годишна жена од Струга на која нејзината сестра и признала дека има афера со нејзиниот маж.

– Не можам да верувам дека не сум забележала. Дури две години се љубовници – мојата сестра и мојот маж. Наивно верував дека сестрами често доагаше кај мене само за да минуваме повеќе време заедно, но не било така. Пред неполн месец ми рече дека би сакала да разговара. Ми делуваше некако невообичаено и сериозно. Прво што изговори беше: „ Не можам повеќе да го држам ова во себе, не можам. спијам со твојот маж речиси две години“. Останав скочанета. Најпрво ми се причини дека не слушнав добро, а потоа ме фати вртоглавица.

Цел свет ми се сруши во еден момент. Исчезнаа сите андежи, сите планови… Почуствував длабока празнина. Не знам колку време помина додека не бев способна да изговорам нешто. Ја прашав зошто тоа го направила. Ми рече дека мојот маж ја привлекува од првиот ден кога сум ги запознала. Плачеше и се обидуваше да ми објасни како не сакала тоа да се случи. но дека нивните емоции биле посилни од разумот.Ми кажа како се почнало додека бев бремена со нашиот син, во периодот кога сум добила компликации и бев во болница. Тоа сознание ме докрајчи. Се наоѓале кај неа во стан, а тој мене ми зборуваше како тој мора подолго време да остане на работа или надвор со пријателите. Ништо не се сомневав бидејќи многу работеше.

По признанието на сестрата синот го однесов кај мајка ми и чекав мојот маж да дојде дома. Не се ни обиде да лаже или да тврди дека не е вистина. Тивко призна дека е така и дека тој и мојата сестра многу се сакаат. Ми рече дека сака развод, но немал храброст да ми каже што се случува. Дури и плачеше.

Му реков да си ги собере работите и да оди. Се всели кај мојата сестра. Ќе бидам најсреќна кога ниту еден од нив повеќе во живото не би ги видела, но немам избор. Не можам да му забранам на мојот син да го гледа својот татко….

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицаец им продавал дрога на затворениците во Идризово.

На 15.07.2025 во Полициската станица Гази Баба, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека при претрес на Х.А.(42) од Скопје, вработен...

Биди и ти полицаец: Оглас за нови 150 полицајци.

Јавен оглас за прием на 150 нови полициски службеници БИДИ ПОЛИЦАЕЦ - Огласот за прием на 150 нови полициски службеници е во тек, биди и...

Со потврда од матичен лекар, невработените до четврток можат да се пријават за гаснење пожари

400 невработени лица за помош при гаснење пожари на Владата е отворен до четврток, потсети денес Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и...

Командант “БАРУТИ” од домашен, оди во затворски притвор !!!

Кривичниот суд денеска одлучи да му се замени домашниот со затворски притвор на напаѓачот на скопската градоначалничка Арсовска. „Имено, С.Љ. осомничен за кривичното дело Насилство...