16.9 C
Ohrid
вторник, април 30, 2024
ПочетнаМакедонијаГерманската полиција ни донираше 20 Француски возила..

Германската полиција ни донираше 20 Француски возила..

spot_imgspot_img

Донација од 20 возила од марката „дачија” и „рено” во вкупна вредност од 287.557 евра од Министерството за внатрешни работи на Сојузна Република Германија денеска и беше предадена на македонската полиција. Возилата, како што информираат од МВР, ќе им бидат дадени на користење на полициските службеници од граничната полиција.

-Соработката помеѓу двете министерства е на високо професионално и пријателско ниво, веќе долги години наназад. Верувам дека има и тоа како широк простор тоа наше партнерство уште повеќе да го интензивираме и продлабочиме не само во поглед на заедничката борба против сите видови на криминал, туку и во сите други сегменти во кои споделуваме заеднички интереси и вредности во интерес на граѓаните на двете земји, рече министерот за внатрешни работи Наќе Чулев при примопредавањето на новата донација на возила.

Тој потенцираше дека поддршката што Сојузна Република Германија ја дава на нашата земја, односно на МВР во делот на граничнaтa контрола и безбедност има за цел унапредување на работењето при извршувањето на граничните работи и вршењето надзор и контрола, но и унапредување на безбедноста на државната граница.

-Се разбира, тоа за нас е од големо значење и бездруго ќе придонесе за зајакнување на веќе одличните односи помеѓу двете земји, нагласи Чулев.

МИА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ВО ХРВАТСКА НЕМА НИЕДНО БЕЗДОМНО КУЧЕ ОТИ СЛЕДИ ЗАТВОР ЗА НАПУШТАЊЕ МИЛЕНИК !!!

За нецели две години од спроведувањето на хуманиот третман на кучиња скитници во Охрид, сликата низ улиците е далеку подобра. Општината преку ЈП „Охридски...

Османи: Влада без принципот „победник со победник“ нема да има

Отвореното одбивање на Христијан Мицкоски да совладее со ДУИ во следниот мандат ја натера оваа партија да ја заостри реториката кон него. Според партијата...

Работниците незадоволни, закажан протест утре пред Влада

Сојузот на синдикатите на Македонија организира протест по повод Меѓународниот ден на трудот - 1. мај. Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов во отворено писмо до...

Приведен охриѓанец, истепал 71 годишно лице

Приведен охриѓанец, истепал 71 годишно лице.. На 29.04.2024 година во 18.30 часот, во СВР Охрид приведен е Х.П.(29) од Охрид, поради сомнение дека претходно, на...