15.9 C
Ohrid
вторник, април 15, 2025
ПочетнаМакедонијаДиректорката Нина Цаца Биљановска стави 200 лица во карантин.

Директорката Нина Цаца Биљановска стави 200 лица во карантин.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Клиниката за кожни болести е под клуч а корона вирусот дијагностициран кај директорката Нина Цаца Биљановска и нејзиното несовесно однесување стави во карантин околу 200 лица. Во домашна изолација ќе бидат 64-те вработени во оваа установа, 11 пациенти кои биле на болничко лекување и уште 13 кои изминатиот период ја посетувале дневната болница. 14 дена својот дом не смеат да го напуштат и 100 дерматолози кои биле со Биљановска на симпозиум викендот и кои веќе добиле решение за здравствен надзор. Пред затворање е и кожното одделение во штипската болница бидејќи речиси сите специјалисти биле на конгресот каде имало и тројца предавачи од Солун.

<

– Пациентите кои се лекуваа во клиниката доколку е ургентно ќе ја примаат терапијата дома, се додека повторно не се отвори клиниката односно најрано на 23 март. Станува збор за патологија која може да се третира одложно, односно може да се почека некој ден, изјави Венко Филипче.

Ресторанот каде викендот бил симпозиумот на дерматолози е дезинфециран а истите мерки како што кажаа здравствените власти ги направиле и на Клиниката за кожни болести. Филипче ги негираше информациите дека и директорката на кумановската болница која била во Италија наместо дома, одела на работа. Биљановска ќе биде казнета бидејќи доведе во опасност голем број на луѓе а министерот за здравство најави дека ќе има санкции за сите кои не ги почитуваат мерките.

– Сакам да кажам дека и покрај тоа што антиципиравме ризици, уште многу пред време и уште многу пред нашите соседни земји ги спроведовме сите мерки на претпазливост, како на аеродромите, така и на граничните премини, ова со што се соочивме денеска е нешто што навистина многу не разочара. Ќе се преземат мерки за директорката, сега е предизборен период, не може формално-правно да се вршат разрешувања и именувања, но во првата можност таа ќе биде разрешена од функцијата, но во овој момент тоа е ирелевантно со оглед на тоа што целата клиника ќе биде затворена 14 дена. Потенцирам дека одговорност ќе има за секој којшто нема да се придржува до пропишаните мерки.

Покрај хаосот кој настана со директорката Биљановска, во изолација се и 30тина лица кои биле во контакт со брачниот пар од дебарско кои заболеле од ковид 19 по нивното враќање од Италија. Во изолација се и осум здравствени работници од Дебар и Центар Жупа каде сопружниците барале лекарска помош.

сител тв

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Курти поднесе оставка од функцијата премиер на Косово

Премиерот на Косово, Албин Курти, денес поднесе оставка од функцијата премиер, а својата одлука ја објави преку писмо испратено до Секретаријатот на Собранието на...

Исчезнатото 6-годишното девојче наместо во градски автобус во Куманово, влегло во автобус кој сообраќал до Скопје

Шестгодишното девојче наместо во градски автобус во Куманово, влегло во автобус кој сообраќал до Скопје, соопшти денеска полицијата соопштувајќи детали за вчерашниот случај, откако...

Стојанче на терен: Отворени шахти во близина на ТЦ Скопјанка

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов од терен уште еднаш упати апел до ЈП Водовод и канализација на Град Скопје за итно преземање на соодветни...

15 годишно момче од Струга фатено како продава хероин.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 15 - годишно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и...