14.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаМакедонијаПОРАДИ СОВЕТИТЕ ШТО НИ ГИ ДАВА Д-Р ЛАЗАРОВ ДА НЕ ОДИМЕ НА...

ПОРАДИ СОВЕТИТЕ ШТО НИ ГИ ДАВА Д-Р ЛАЗАРОВ ДА НЕ ОДИМЕ НА КАФЕ ПРЕКУ ДЕН, ДОБИВА ЗАКАНИ ОД ГРАЃАНИТЕ.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Докторот Ненад Лазаров е доста актуелен на социјалните мрежи изминатив период тој и денес на својот профил на „Фејсбук“ излезе со неколку статуси.

<

Меѓу другото Лазаров беше гостин и на синоќеѓната дебата на ТВ 21, „Клик Плус“ каде што кажа дека не може да се очекува справување со коронавирусот во Европа и во Кина исто, смета д-р Ненад Лазаров.

„Не можете вие да очекувате исто како што се справува Кина, така да се справува и Европа. Не може, затоа што прво културолошки се различни“, изјави докторот.

Денес пак Лазаров со своите пријатели и следачи сподели дека добил непријатни пораки и закани

„Кој сум ја бе луѓе па да ми претите и пцуете у инбокс од лажни профили, и со што сум заслужил? Пуштете си малку музика, прочитајте нешто, ниту ја го донесов, ниту ја ќе го однесам од овде вирусот. Кој сака и го интересира, нека ме чита, кој не, блок и воздра.Крај краева,нормално е да не сака секој директни момци ко мене.“,

Потоа лекарот во друг статус додаде друга совет.

Не си дишете у врат на каса по маркети. Количка е подобра опција, со неа ќе имате каква-таква дистанца од луѓето.

Почекајте трпеливо плус една-две минути да заврши човекот пред вас на раат. Пазарувајте со список, ем ќе рационализирате, истовремено ќе скратите време на задржување во маркет. И не туку префаќајте леб, храна, воопшто производи. Со очи се гледа.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...