16.9 C
Ohrid
недела, јуни 15, 2025
ПочетнаМакедонијаВЛОШЕНА СОСТОЈБАТА КАЈ ПАЦИЕНТКА ОД ДЕБАР- меѓу заразените има и 15 годишно...

ВЛОШЕНА СОСТОЈБАТА КАЈ ПАЦИЕНТКА ОД ДЕБАР- меѓу заразените има и 15 годишно момче!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерот за здравство Венко Филипче одржа прес-конференција на која ги изнесе новите информации поврзани со коронавирусот, во моментов вкупната бројка за заболени, со се новите четири лица од Дебар, кои денеска ќе пристигнат на Инфективна, ќе биде 12.

<

-Ги чекаме од Дебар да пристигнат новите 4 пациенти, првата пациентка во понедленик ќе си замине од Инфективна болница. Кај едната пациентка од Дебар е влошена состојбата и е поставена на машина за дишење. Од четирите нови пациенти едно е 15 –годишно момче, сите имаат лесна форма на болеста- рече Филипче.

Во овој момент се тестираат седум лица, шест се од Дебар, рече Филипче, се тестира и странец преку Центарот за јавно здравје во Битола.

-Непосредно пред оваа прс-конференција двајца наши државјани кои патувале за Шпанија се јавиле со покачена температура и кај нив ќе се земе брис, па подоцна ќе ги соопштиме резултатите. Во Дебар болницата е организирана така да епидемиолотог и инфектолози и од болницата и од дебарската бања се сега на располагање во овој регион, тие ќе работат во две смени- рече Филипче.

Во целосна координација сме во МВР, вели Филипче, во однос на потребната за поддршка на нашите лекарски екипи.

-Засега во Дебар е мирно, нема проблеми, луѓето разбираат за што станува збор. Дополнително ќе се зголеми бројот на лекари кои ќе бидат на стенд-бај кои ќе бидат целосно на располагање на пацинетите- рече Филипче.
курир

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во скопската зоолошка угина млада женка мајмун сијаманг

Стефан Кирков од ВМРО-ДПМНЕ реагира по повод угинувањето на една женка мајмун од Скопската Зоолошка градина. „Хоророт во Скопската Зоолошка градина и натаму продолжува. Пред...

Таксист од Скопје на странец му наплатил 7.800 денари за возење од Центар до Средно Водно

Вчера во 20.40 часот во СВР Скопје, Б.Ф.П.Х. (43) од Швајцарија пријавил дека додека се возел во такси возило на релација од Центар до...

Во штипско село пронајдени череп и коски слични на човечки

На 14.06.2025 година во 09.37 часот во СВР Штип, Р.Ш.(60) од село Балталија, штипско, пријавил дека околу 09.00 часот на место викано...

Манастирот “Свети Еразмо” ви го честита големот празник посветен на охридскиот чудотворец – Свети Еразмо!

Манастирот "Свети Еразмо" ви го честита големот празник посветен на охридскиот чудотворец - Свети Еразмо! Ве известуваме дека за време на претстојниот празник на светиот...