18.5 C
Ohrid
четврток, јули 31, 2025
ПочетнаМакедонијаМакедонската армија заминува за Дебар, по наредба на Радмила Шекеринска..

Македонската армија заминува за Дебар, по наредба на Радмила Шекеринска..

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Денеска сме тука во гарнизонот, во касарната во Тетово, каде што втората екипа која заминува за Дебар е веќе подготвена, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

<

„Денеска е веќе направена една прва контрола и извидување од воздух на линијата каде што ќе бидат ангажирани армиските сили и веќе е почнат транспортот на еден дел од нашите сили. Стоиме на располагање и како и досега да покажеме дека Армијата е институција во која граѓаните со право имаат доверба и на која можат да сметаат“, рече министерката.

Шекеринска потенцираше дека брзата реакција на Владата во преземањето на мерки против ширењето на корона вирусот се покажа оправдана.

Се заблагодари на здравствените власти и здравствените работници за огромниот труд што го вложуваат во справувањето со вирусот, и упати апел до граѓаните да ги почитуваат препораките.

„Заедно можеме да го победиме корона вирусот, меѓутоа само ако ги почитуваме препораките, ако ги почитуваме забраните и ако направиме сè да се заштитеме и себе си и своите најблиски, а со тоа и целата држава“, рече Шекеринска.

Таа појасни дека главниот фокус на ангажманот на Армијата во овој момент ќе биде контролата на граничната линија.

Kризна состојба е прогласена за Дебар и Центар Жупа, за следните 30 дена со цел да се спречи ширењето на Ковид 19.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Предлогот на ССМ не е прифатен, работодавачите не биле подготвени да разговараат за минимална плата

Нема изгледи за зголемување на минималната плата во земјава на 500 евра и раст на останатите плати за 100 евра како што бараше Сојузот...

Жителка на Русиново со брза дојава спаси поголем пожар. Веднаш доби понуда за работа

Жителка на Русиново го дигна селото на нозе против огнената стихија Синоќа точно на полноќ кај месноста Св. Марко, во близина на селото Русиново, избувна...

Николоски: Доаѓаат инвеститори од ОАЕ, сопственикот на Бурџ Калифа и Дубаи Мол ги виде Скопје, Попова Шапка и Охрид

-Првпат ја отворивме Македонија натака, доаѓаат инвеститори тука, излезе и по социјаните мрежи, сопственикот на Бурџ Калифа и на Дубаи Мол веќе ги...

Трагичен крај на потрагата: Пронајдено телото на 16-годишното девојче во реката Вардар

По шест дена интензивна потрага, денеска околу пладне во водите на реката Вардар е пронајдено телото на 16-годишната девојка која исчезна на 24 јули,...