Поранешниот физиотерапевт деновите треба да се појави во судот во каталонскиот град поради тужбата за сексуално вознемирување, објавуваат шпанските медиуми.
Но, судењето најверојатно ќе се одложи поради пандемијата на коронавирусот и одлуката на шпанската влада да прогласи вонредна состојба. Сепак, весникот „Ел Периодико“ открива детали од тужбата.
Настанот се случил во 2016 година кога жена која работела во Барселона побарала помош од физиотерапевтот поради ппроблеми со вратот.
Во обвнинието стои дека жената дошла на третман, но наместо на вратот, физиотерапевтот и предложил масирање на препоните за да се елиминираат можните проблеми со колковите.
Тогашниот масер почнал да ја масира жената и по одредено време почнал да ја допира за гениталиите, а потоа и за градите.
Жената поднела тужба, а фудбалскиот тим веднаш му врачил отказ на физиотерапевтот.