11.7 C
Ohrid
недела, април 28, 2024
ПочетнаМакедонијаСе уште не се знае дали во Македонија ќе има избори.

Се уште не се знае дали во Македонија ќе има избори.

spot_imgspot_img

Лидерите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ денеска изјавија дека за нив е поважно здравјето на граѓаните од одржувањето на изборите. Се очекува деновиве да се одржи лидеркса средба кај претседателот Стево Пендаровски, по што ќе се донесе и официјална одлука.

Строго почитување на мерките и препораките за заштита од ширање на коронавирусот, а во таа насока и одложување на претстојните парламентарни избори закажани на 12 април побара претседателот на СДСМ Зоран Заев. Тој кажа дека партијата одлуката за одложување на изборите ја донесе синоќа, а предлогот ќе биде презентиран на денеска закажаната седница на Советот за национална безбедност.

„Во период кога Северна Македонија, регионот, Европа и светот се соочуваат со најголемиот здравствен предизвик во поновата светска историја, повеќе од јасно е дека условите не дозволуваат нормално спроведување на избори. Затоа, во име на СДСМ, повикувам да се организира лидерска средба на претседателите на политичките партии на која ќе се разговара за одложување на изборите. Сега не е време за политички противници. Сега имаме само еден противник – коронавирусот”, рече Заев.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку Фејсбук најави дека ќе побара свикување лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски за одлагање на парламентарните избори.

„Сите препораки на релевантните домашни и светски организации се дека најдобар одговор за справување со вирусот е одбегнување на активности. Токму кога се предвидувањата за пикот на здравствената криза, во Македонија ќе треба да се одржат избори. Со вакви анализи и предвидувања изборите би значеле отворање на нови жаришта со коронавирус. Замислете ден на избори кога во една просторија каде има гласање илјадници избирачи ќе гласаат, ќе заокружат со пенкало, ќе имаат личен контакт со членовите на избирачкиот одбор. Во овие кризни моменти ова е ситуација кога човек одбира помеѓу личниот и интересот на државата и ова го велам од причина што сосема е извесно дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите со убедлива разлика, но воедно одржувањето на избори ќе значи и изложување на илјадници граѓани, поточно над еден милион луѓе под директен ризик за нивното здравје и ширење на корона вирусот“, напиша Мицкоски.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска преку соопштение најави дека партиски приоритет е јавното здравје и справување со коронавирусот, и оти би прифатиле одложување на изборите и кампањата.

Претходно и претседателот Пендаровски изјави дека е за одложување на изборите.

Денеска со соопштение се јавија и партиите Глас за Македонија, ТМРО и коалицијата Никогаш северна, секогаш Македонија“. Сите се согласни дека изборите треба да се одложат.

мкд

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7-ми Ноември во Охрид.

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7. Ноември. Таму се поставува слој асфалт, додека претходно се постави нова канализациона мрежа, осветлување...

Бектеши: Не влегуваме во влада која нема да ги гарантира уставните измени

Европскиот фронт има договор со албанската опозиција дека нема да влезат во влада која нема да ги гарантира уставните измени, изјави министерот за економија,...

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...