3.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаВенко Филипче: Во Дебар нема ни еден распиратор, но имаме амбулантно возило...

Венко Филипче: Во Дебар нема ни еден распиратор, но имаме амбулантно возило доколку се искомплицира нешто.

spot_img

Вонредната ситуација во Дебар со коронавирусот ги извади на виделина недостатоците во здравството. Болницата во Дебар нема ниту еден респиратор. Директорот на болницата, Баки Алили вели дека доставиле барање до Министерството за здравство за респиратор.

„Ние како мала институција не поседуваме респираторни апарати. Но, неопходни ни се доколку евентуално имаме нивна потребам и затоа мораме да доставиме барање Министерството за здравство да ни излезе на помош.“, изјави Алили.

За барањето на градоначалникот на Дебар зборуваше и Агрон Буџаку, директор на Центарот за управување со кризи. Тој рече дека и тој доставил барање до МЗ за два респиратора да бидат испратени во Дебар.

„Неговото барање беше поради тоа што може да дојде до влошување на состојбата на пациентите со корона вирус, и во тој случај има потреба за респиратори кои можат да спасуваат животи. Барањето за два респиратори денеска го доставив до надлежното министерство и ќе видиме што ќе преземе утре Министерството.“, изјави Буџаку.

Министерот за здравство, Венко Филипче, рече дека нема потреба во Дебар да се испратат респиратори, бидејќи таму нема специјалисти од таа област и доколку е потребно, амбулантните возила се подготвени за да ги пренесат пациентите во скопската клиника.

Инаку, Агрон Буџаку од Центарот за управување со кризи, рече дека сите барања кои доаѓаат од Дебар ќе бидат разгледани и ќе се преземаат мерки со цел да им се излезе на помош на дебарчани.

тв21

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На универзитет во Солун се говореше за македонистиката, на македонски јазик

Насловна / Балкан • Македонија Објавено на: December 23, 2024 На универзитет во Солун се говореше за македонистиката, на македонски јазик t За првпат се случува конференција на...

Бајден помилуваше 37 од 40 затвореници осудени на смртна казна

Американскиот претседател Џо Бајден денеска им ги преиначи казните на 37 од 40 федерални осуденици на смрт во доживотен затвор без можност за условно...

Трамп: Во САД ќе има само два пола – машки и женски

Официјалната политика на САД ќе биде да има само два пола – машки и женски. Ова им го соопшти новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп,...

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...