15.9 C
Ohrid
сабота, август 16, 2025
ПочетнаМакедонијаОбвинителство гони седум лица за НЕСОВЕСНО ШИРЕЊЕ ЗАРАЗА, но не и ДОКТОРКАТА...

Обвинителство гони седум лица за НЕСОВЕСНО ШИРЕЊЕ ЗАРАЗА, но не и ДОКТОРКАТА ЦАЦА

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Како што пишува порталот Вечер Основното јавно обвинителство Кавадарци денеска поднесе предлози за казнен налог за седум лица, сите од Кавадарци кои во одделни случаи го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

<

Како што се наведува во соопштението од ЈОРСМ, за време на пандемија, епидемија од глобални размери определена со одлука на Генералниот секретар на Светската здравствена организација на 11.03.2020 година, обвинетите не постапиле според Писмена наредба на Министерството за здравство со која се определуваат мерки за нејзино сузбивање или спречување.

-Со одлуката е определено спроведување на задолжителна самоизолација за секој државјанин на Република Северна Македонија кој влегува во државата на граничните премини, а патува од високо ризични или средно ризични земји утврдени со листата на Светската здравствена организација на денот на кој влегува во државата. Сите обвинети кои во државата дошле од различни држави, при влез во земјава на 16 март 2020 година потпишале изјави за самоизолација. Но при проверка од полициските службеници не биле затекнати во нивните домови во кои требало задолжително да ја спроведуваат мерката, се наведува во соопштението.

За сите обвинети, се посочува, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци до Основниот суд Кавадарци ги достави предлозите со кои предлага судот за секој од обвинетите да изрече парична казна во висина од 50 дневни глоби. известува Вечер во своето електронско издание

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нов крвав инцидент во пихијатриската болница Бардовци!

Вчера наутро, лекари од психијатриската болница во Бардовци пријавиле дека претходната вечер во болницата се случил инцидент во кој еден пациент нападнал друг, а...

Малолетно девојче натепано од 64 годишна жена.

На 14.08.2025 околу 23:00 часот во СВР Скопје, И.В.(43) од Скопје пријави дека околу 22:10 часот на подрачјето на Гази Баба, неговата малолетна ќерка...

Лишен од слобода 19-годишник во Тетово поради предизвикување пожар

Денеска (15.08.2025) околу 16:15 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.М.(19) од Скопје, со привремено место на живеење...

Што се знае за Македонецот кој пукаше во Марко Љубиша – Кан: Бил во хотелот како српски државјанин, еве како избегал

Андреј Танасковски (18) од Македонија е осомничен за обид за убиство на Марко Љубиша, познат како Кан (56), од Будва. Во тек е интензивна потрага...