14.9 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонија63-годишен охриѓанец, иако потпишал, не се придржувал кон мерките за 14-дневна самоизолација

63-годишен охриѓанец, иако потпишал, не се придржувал кон мерките за 14-дневна самоизолација

spot_imgspot_img

– Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 63-годишниот А.М. од Охрид.
Вчера, при извршена контрола на лица со мерка „здравствен надзор и домашна изолација“, полициските службеници констатирале дека пријавениот не се наоѓа во неговиот дом и не се придржува кон мерките за 14-дневна самоизолација.
Пријавениот, на 17-ти март, кога со авионски лет од Холандија пристигнал на Меѓународниот аеродром „Скопје“, своерачно, под полна морална, материјална и кривична одговорност потпишал изјава дека доаѓа од земја која според Листата од СЗО е зафатена од коронавирус COVID-19 и дека во времетраење од 14 денови во неговиот дом во Охрид ќе спроведе задолжителна самоизолација. Со непридржување до одредбите во изјавата, тој ги прекршил мерките за самоизолација и постапил спротивно на прописите за спречување на појава, внесување, рано откривање, спречување на ширење и сузбивање на коронавирус COVID-19, предвидени во одлуката на Владата и писмената наредба донесена од страна на Министерството за здравство, информираат од СВР Охрид.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина таткото на Тоше Проески.

Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше, а веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка. –Светол патот, татко...

Министерка на СДСМ го обвини ВМРО-ДПМНЕ за масакрот врз бранителите кај Вејце

Крајно несериозна и уште повеќе неодговорна е изјавата на министерката за одбрана Славјанка Петровска во која тврди дека бранителите во заседата кај Вејце загинале...

На денешен ден во с. Добрушево е роден г.г. Стефан

На денешен ден 01.05.1955 година во село Добрушево – битолско, е роден нашиот Архиепископ – Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. На многаја...

Пијан Кумановец откако дувал на дрегер почнал да се удира самиот, па потоа почнал да ги навредува полициските службеници !!

Полицајци од Куманово го привеле Г.Ш. (49) од Куманово, затоа што управувал возило под дејство на алкохол, а потоа агресивно се однесувал кон полициските...