24.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаСветСрбите за време на короната во маркетите потрошиле 8,8 милиони евра.

Србите за време на короната во маркетите потрошиле 8,8 милиони евра.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Домаќинствата во Србија, во период од 24-ти февруари до 15-ти март, на храна, пијалаци, лична хигиена и хемиски средства за домот, потрошиле 8,8 милиони евра повеќе во однос на истиот период лани, пренесуваат српските медиуми, цитирани од Бизнис Инфо.

<

Сапуните се едни од најбараните производи во Србија, веднаш зад шеќерот и брашното. Водечките трговски синџири во Србија го зголемиле своето пазарно учество во овие три недели, со раст на потрошувачката на домаќинствата за 20%, а трговските марки забележале поголема стапка на раст во однос на брендираните производи.

Во таканаречениот корона шопинг, учеството на производи купени на промоција се намали, а домаќинствата сочинети од помлади членови не прават толкави залихи од храна, како што е случајот со домаќинства во кои живеат постари лица.

Купувачите од Белград и Војводина трошеле малку повеќе пари за залихи, во споредба со домаќинствата во источна и јужна Србија.

Убедливо највисок раст, повеќе од 70% има кај брашното, шеќерот и сапуните, а потоа замрзнатиот зеленчук, конзервирана риба, јајца, тоалетна хартија, тестенини, замрзнато тесто и масло за јадење.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

Владата денеска ќе одржи свечена седница на која ќе бидат одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата, како што најави владината...

Создавање природни човечки заби во лабораторија-Македонка на врвот на светската наука

Во свет исполнет со научни предизвици и иновации, сè поголем број Македонки се пробиваат на светската сцена, оставајќи силен белег во различни научни дисциплини...

Орце Ѓоргиевски: Најголемата шанса во политиката ми ја даде Мицкоски и Бог.

Во поткастот на ТВ Сител, кандидатот за градоначалник на Скопје Орце Ѓоргиевски вели дека најголемата шанса во политиката му ја дале Мицкоски и Бог. Тој...

Радикален Ислам се шири во Идризово – бројките растат, вели Пандов

Директорот на Управата за извршување санцкии, Александар Пандов, во поткастот „Претрес со Ландов“ призна дека се шири радикален Ислам во шестото крило во Идризово....