7.9 C
Ohrid
сабота, ноември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаЗијадин Села: Породи коронавирусот барам затворениците да бидат ослободени од затвор.

Зијадин Села: Породи коронавирусот барам затворениците да бидат ослободени од затвор.

Алеанса за Албанците на Зијадин Села преку соопштение до јавноста потсети дека во борбата против коронавирусот заборени и запоставени се затворениците.

„Бидејќи нашата држава е во вонредна состојба и се бори против коронавирусот, скоро ги заборавивме затворениците. Друго место каде што би можело да има смртоносен излив не значи дека мора да биде еден крстаречки брод, една конференција ниту пак едно училиште, тоа може да се случи во кој било од затворите во земјата. Во затвор многу луѓе може да бидат сместени во една ќелија. Затворските сали за собир се тесни (затоа што на овој начин се олеснува контролирањето на затворениците). Нема простор за физичко растојание или пак простор за почитување на другите препораки за спречување на ширењето на вирусот. Една инфекција во еден затвор може да го оптовари здравствениот систем, бидејќи стотици луѓе можеби имаат потреба од медицинска нега што самите затвори не можат да ја обезбедат. Не смееме да заборавиме дека затворениците се луѓе, родители, и имаат семејство и тие имаат права и заслужуваат еднаков третман во овој период на пандемија. Ваквата појава не само што може да зарази стотици луѓе во затворот, туку потенцијално би можело да го шири вирусот и до казнено-поправниот персонал, се вели во соопштението.

Меѓудругото партијата на Села ги повика надлежните да превземат конкретни мерки во врска со затворениците. Една од мерките кои ги бара Алеансата за Албанците е привремено ослободување на затворениците додека трае пандемијиата.

„Затоа, ние како Алијанса за Албанците ги повикуваме надлежните органи и тела да преземат конкретни мерки во затворите:

– привремено да се ослободат затворениците

-контрола и тестирање на сите затвореници

– Подобрување и одржување на соодветна хигиена на затворениците и вработените во затворите

– откажување на сите активности, програми и посети, заменувајќи ги со видео разговори и телефонски разговори секогаш кога е можно.

За навремено спречење на вирусот, ја повикуваме владата да преземе конкретни мерки во однос на ова прашање што е можно поскоро, стои во партиското соопштение до јавноста.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО. За обете важната функција...

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...