6.1 C
Ohrid
сабота, април 12, 2025
ПочетнаМакедонијаДокторот од „Плодност“ направил и трето тестирање, нема коронавирус !!

Докторот од „Плодност“ направил и трето тестирање, нема коронавирус !!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Сопственикот на битолската клиника Плодност, Таше Трпчевски и неговото семејство немаат коронавирус, покажало последното испитување кое фамилијарно го направиле. Преку веб страницата на Клиниката, тој соопшти дека во саботата направиле уште едно тестирање, кое покажало дека никој од нив нема коронавирус.

<

„Минатиот понеделник, пред една недела, кај д-р Христијан Трпчевски, тестот беше негативен. Во петокот позитивен, а во саботата, кога сите се тестиравме, повторно негативен. Дали д-р Христијан Трпчевски имаше или немаше корона вирус, останува отворено прашање, за кое медицината треба да одговори. Иако фамилијарно сите сме лекари, немаме одговор на оваа состојба. Во изминативе денови, навистина се соочувавме со страв, неизвесност и голема одговорност. По позитивниот резултат на д-р Христијан Трчевски, без двоумење, за доброто на сите нас и на нашите пациенти, одлучивме сите да заминеме во домашна самоизолација и да ни бидат земени врисеви за испитување.“, пишува доктор Таше Трпчевски во соопштението до јавноста.

Тој посочи дека во домот во кој живее петточлено семејство, односно тој со неговата сопруга Гордана, синот Христијан, снаата Емилија и малото бебе биле тестирани од корона вирусот, потсетувајќи дека на неговиот син, докторот Христијан Трпчевски, во само 6 дена, тоа му беило трето тестирање.

„За радост на целото семејство, сите пет резултати кои пристигнаа вечерва, а беа земени во саботата, се негативни и сите сме во добро здравје. Ја споделуваме оваа радост со Вас, но и покрај негативните резултати, нашето семејство ќе остане во самоизолација. Секако и Болница „Плодност“ ќе биде подолнително третирана со дезинфициенти и отворена на 13 април. Им се заблагодаруцаме на сите кои не поддржаа во овите тешки моменти. Исто така, им се заблагодаруваме на епидемиолошкиот и инфектолошкиот тим на лекари од Битола, на чело со д-р Тони Коњановски, кои се грижеа максимално и ни даава поддрша и совети по неколку пати дневно“, пишува доктор Таше Трпчевски.

Минатата недела, Трпчевски доби реакции дека го пренесувал вирусот и дека одел на работа со симптоми, на што тој реагираше преку Фејсбук.

„Во последните 60 дена знам дека мојата релација на движење била Болница „Плодност“- дома и обратно (едната од другата раздалечени најмногу 300метри) и никаде на друго место. Тоа значи дека вирусот е добиен од некоја пациентка која била на преглед и покрај почитувањето на сите епидемиолошки мерки во нашата болница (дезинфекција на раце, носење маски и визири и да не зборувам за нон стоп бришењето на подовите и другите површини со дезинфекциони средства). Патем да споменам дека последните 3 недели значајно ги редуциравме прегледите интервенциите и операциите (освен итните) но не и раѓањата“, појасни доктор Христијан Трпчевски.

Неговиот татко и сопственик на Клиниката „Плдоност“, Таше Трпчевски, истакна дека поради коронавирусот, за кој по последното тестирање го нема ниту еден член на фамилијата, или пак вработен во Клиниката, „Плодност“ нема да работи до 13 април.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Донација од Бугарија за градската општа болница во Кочани.

Во текот на вчерашниот ден Фондацијата „Гората. Бг“ од Република Бугарија донираше медицинска опрема за Општа болница со проширена дејност – Кочани. ЗУ Општа болница...

Пациент почина на Кардиохирургија со пукната аорта, без да биде опериран?!

Дали работат операционите сали на Клиниката за кардиохирургија и дали поголем дел од персоналот е на симпозиум? Дали овие се причините поради кои што...

Независниот советник Венко Крстевски најави кандидатура за в.д градоначалник на Кочани

Оваа недела стана јасно дека советниците на власта со максимални напори се трудат да го избегнат изборот на В.Д. градоначалник во Кочани. Дали се...

Во кошницата ќе нема место за цигари и алкохол: Државата ќе пресметува колку пари му требаат на трочлено семејство за покривање на основните...

Државата отсега ќе пресметува колку пари треба да потроши трочлено семејство за да ги покрие основните потреби. Пресметката ќе се вика „просечна потрошувачка кошничка“....