14.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаМакедонијаУште еден скандал во Кочани: Излажала на фејзбук дека има коронавирус па...

Уште еден скандал во Кочани: Излажала на фејзбук дека има коронавирус па заработи кривична пријава.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Кочанската полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство против лице од Кочани кое на социјалните мрежи проширило лажна вест дека е позитивно на коронавирусот.

<

По добиеното известување, полициските службеници го испитале случајот и поради основани сомненија дека е прекршен членот 206 од Кривичниот законик во врска со здравствените прописи за време на епидемија, поднесена е пријавата.

На 31 март пријавената на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук направила достапна за јавноста лажна вест дека е заразена со КОВИД-19 и ги повикува сите кои биле во контакт со неа да се тестираат заради утврдување на заболеност. Таа претходно не била тестирана заради утврдување на присуство на коронавирусот, се истакнува во известувањето од Органот за внатрешни работи – Кочани.

Од полицијата дополнуваат дека ширењето лажни вести ја компликува и онака сложената состојба со заштитата од КОВИД-19

Според надлежните, мерката што е преземана е јавна опомена дека во услови кога секој има свој слободен простор на социјалните мрежи, треба внимателно да се однесува и да не внесува немир и паника во јавноста.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...