13.9 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаСветТрогателна исповед - Короната во еден ден ја оставила без баба и...

Трогателна исповед – Короната во еден ден ја оставила без баба и мајка-Сега останав сосем сама на светот!

spot_imgspot_img

Анџела Костиќ (25) на 5-ти април ги загубила баба ѝ Винка и мајка ѝ Лилјана, која била здрава, но сепак после 12 денови ја загубила битката со животот.

 

Студентката Анџела Костиќ (25) од Ниш, на 5-ти април доживеала огромна трагедија бидејќи во 10.30 часот починала баба ѝ Винка Јовановиќ (82), а во 19 часот мајка ѝ Лилјана Костиќ (55) и останала сосема сама, бидејќи татко ѝ починал пред три години. Апсолвентката по стоматологија е скршена од болка.

„Мама и баба беа на респираторна машина во болница. Баба ми беше слаба, а прогнозите за мајка ми беа позитивни. Тие 12 денови го издржа најголемиот удар на воспаление на белите дробови, беше здрава, немаше никакво хронично заболување и сите мислевме дека ќе се избори. Потоа стигна вест од болница – останав нема. Не земаше ниту лекови, беше малку покрупна, но после 12 дена имаше големи шанси со оглед дека толку издржа“, рекла Анџела за српски „Курир“ и додала дека таа е негативна на тестот за коронавирус.

„Беше среќна што сум на крај со студиите и правеше планови за моја стоматолошка ординација. Таа секогаш имаше некое решение, некој резервен план… Сега останав сосема сама на светот“, раскажува Анџела, која добива многу повици и внимание од многумина кои сакаат да ѝ помогнат.

И покрај тагата, Анџела организира два погреба, а јавноста се здружила за да ѝ помогне.

„Многу луѓе ми се јавуваат за да ми изразат сочувство, да ми помогнат. Ми се јави деканот од факултетот и многу колеги. Татко ми беше стоматолог, па сега поддршка ми даваат и неговите пријатели кои одамна не сум ги слушнала, ниту видела. Сите ми велат дека морам да бидам силна. Тоа и се обидувам. Таквите работи никогаш не се прежалуваат, ниту тие празнини можат да се пополнат, туку човек едноставно мора да научи да живее со таа загуба“, рекла Анџела за српски „Курир“.

точка.мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 8.30 часот, во водите на реката Вардар блиску до местото наречено „Јаниташ“, пронашле тело на починато машко...

МТВ: Уредно беа поканети двајцата кандидати, тимот на Пендаровски не прифати ни еден од понудените термини

Од Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел на МТВ. Оттаму велат дека на 26 април...

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

После јавната бламажа на трите досегашни ТВ дуели, Гордана Силјановска Давкова сфати дека единствен начин да излезе како победник во тие јавни соочувања е...

Османи: Дали да нацртам? Без ДУИ нема Бадентер, без Бадентер нема влада

Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото, вели портпаролот на ДУИ, Бујар Османи. На прес-конференција тој...