30.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаВоскресение Христово: Католиците денеска го празнуваат Велигден

Воскресение Христово: Католиците денеска го празнуваат Велигден

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Верниците на Римокатоличката црква денеска го одбележуваат најголемиот христијански празник Воскресение Христово –Велигден.

<

По повод празникот, бискупот скопски и струмичко-скопски епарх, Киро Стојанов упати велигденска честитка.

– Драги браќа и сестри, преку Великиот пост имавме можност да почувствуваме дека и покрај сите технички достигнувања, некако сме изложени на опасност и страдања, дека во нашиот живот постојат тешки периоди кога не ја препознаваме Божјата присутност. Во такви прилики, лесно може да ни се случи да чувствуваме страв и немоќ и да започнеме да се сомневаме во Божјата близина. Но, дури и во такви мигови на страв и вознемиреност, не можеме да се откажеме од надежта. Затоа што сме убедени дека времето доаѓа, или поточно, веќе е тука кога Бог особено сака да ни ја покаже својата љубов и својата близина. Тој е со нас во нашата болка, затоа што „Тој ги зеде врз Себе нашите болки и ги понесе нашите слабости; а ние мислевме дека Тој беше поразуван, казнуван и понизуван од Бога“ (Исаија 53,4).

Некако со почетокот на Великиот пост ја дочекавме и невидливата опасност од пандемијата на коронавирусот (КОВИД-19), која за релативно кратко време опфати голем број на земји, а што влијаеше и ја зафати и нашата сакана Татковина. Во сенката на сето она што го доживеавме и сè уште го доживуваме, сакаме на празникот Велигден како апостолот да го упатиме својот крик до Бога: „Господи, спаси нè!“ Тоа е израз на послушна вера и целосно предание во Божјите раце: „Целосно се предаваме на Твојата света волја, Господи. Повеќе не викаме за помош, затоа што гледаме дека не можеме сами да сториме ништо. Ти мора да сториш сè!“ Исус рече дека не можеме да бидеме негови ученици ако не се откажеме од сè и не го земеме својот крст и не одиме по Него.

За нас Велигден значи дека чувствуваме присуство на воскреснатиот Христос во неговата Црква. Тој е со нас и останува со нас. Ние сме вградени во неговото таинствено тело на Црквата, така што неговиот живот е и наш живот. Затоа, да не губиме надеж, Бог е често наш тивок придружник кој нè придружува како што ги придружуваше двајцата ученици додека одеа кон Емаус. Можеби ќе го препознаеме кај некои луѓе што ќе ги сретнеме, кај нашиот брат или сестра кои страдаат и на кои ќе им пружиме рака и ќе им помогнеме со својата љубов. Тој е наша надеж и сила во секојдневниот наш живот. Нека Тој, воскреснатиот Христос и Господ, нè доведе до Неговата светлина во Неговото Царство на љубовта, радоста и мирот. Честит празник Воскресение Христово – Велигден! Христос воскресе!, се вели во велиднската честитка на бискупот скопски и струмичко-скопски епарх, Киро Стојанов.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...