15.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаНина Ангеловска: Подготвуваме анализи за акцизата на нафтените деривати

Нина Ангеловска: Подготвуваме анализи за акцизата на нафтените деривати

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерката за финансии Нина Ангеловска на денешната прес-конференција најави дека во подготовка се анализи во врска со акцизата на нафтените деривати, вклучително и за екстра лесното гориво.

<

– Дали решението што ќе биде предложено до Владата ќе биде изедначување или покачување на цената на нафтата, дополнително ќе излеземе и информираме, рече Ангеловска, одговарајќи на новинарско прашање за ставот на Министерството за финансии во однос на барањето на Стопанската комора да се изедначи цената на акцизата за екстра лесното гориво со акцизата за дизелот.

Ангеловска посочи дека треба да бидат внимателни, да прават детални анализи и одлуките да ги базираат на тие анализи, а во моменов, како што информира, разгледуваат колкаво е користењето на екстра лесното гориво и што би значело за сите нафтени деривати.

Таа смета дека среќна околност е драстичниот пад на цената на нафтата, односно падот на малопродажните цени од 20 денари, додавајќи оти кое решение и да го донесат нема да биде скроено да удри по џебот на граѓаните.

– Треба да бидеме реални и да согледаме дека компаниите на почетокот на годината кога ги правеле финансиските планови не предвиделе волкав пад на цената на нафтата, ако зборуваме за зголемување на цената секако ќе излеземе со бројките и со точното решение кое е најправедно, а ќе ги земеме сите фактори предвид, и што ќе значи ако малопридажната цена се зголеми за да може да падне цената на акцизата. Се работи за една антикризна мерка на којашто работиме заедно со Царинската управа, добро ќе ја обмислиме, и секако ќе информираме за кое е предлог решението, додаде Ангеловска.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...