17.5 C
Ohrid
петок, јуни 6, 2025
ПочетнаМакедонијаВработениот во МВР кој снимал за на Фејзбук бил синот на поглаварот...

Вработениот во МВР кој снимал за на Фејзбук бил синот на поглаварот на ИВЗ Сулјеман Реџепи.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Инспекторот вработен во МВР, кој се вклучил во живо на „Фејсбук“ и се снимал како шета по улица за време на полицискиот час, по завршување на работните задачи, е син на поглаварот на Исламската верска ваедница, Сулејман Реџепи, дознава „360 степени“.

<

Станува збор за З. Реџепи, против кого МВР веќе најави дисциплинска постапка поради нарушување на угледот на институцијата.

„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди по извршени соодветни проверки утврди дека полицискиот службеник З.Р., самостоен инспектор во ОКР Карпош, постапил спротивно на Упатството за користење на социјални мрежи, при што го нарушил угледот на МВР. Од страна на Одделот за внатрешна контрола утврдено е дека тој објавил видео на 08.04.2020 во 20,20 часот со вклучување во живо на својот фејсбук профил, додека се враќал од работа кон дома движејќи се по бул. Партизански одреди. Од увидот во распоредот за работа во ОКР Карпош утврдено е дека З.Р. тој ден бил работно ангажиран до 20,00 часот. Против З.Р. ќе биде поведена постапка за утврдување на дисциплинска одговорност за постапување спротивно на Упатството за користење на социјални мрежи, како и за рушење на угледот на МВР“, – соопштија од МВР.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Награда за животно дело: Гоце Тодоровски

60. Ручек, ТВ-филм; 2022 61. Бистра вода, ТВ-серија, 2022 НАГРАДИ 1980; МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп: награда за најдобро актерско остварување за улогата на Цанде во претставата „Солунски...

Максим Димитриевски повторно ќе биде кандидат за градоначалник на Куманово?!

Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор Филков вели дека преговорите за настап на претстојните локални избори во рамки на коалицијата се во тек...

Костадинов: Нема да дозволам Муртино да биде заборавено, тоа не е политичка партија

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов на својот Фејсбук профил пишува дека нема да дозволи селото Муртино да биде заборавено. Обилните врнежи предизвикаа сериозни штети во...

Општина Кочани почнува со уривање на дивоградбите на трошок на газдите

Општина Кочани најави дека започнува со уривање на дивоградбите во градот, а трошоците планира да ги наплати од сопствениците на дивоизградените објекти. По трагедијата што...