13.7 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонијаАмди Бајрам: Да точно е дека ми ја ампутираа ногата до колено,...

Амди Бајрам: Да точно е дека ми ја ампутираа ногата до колено, но по закрепнувањето се враќам во политиката

spot_imgspot_img

Пратеникот и претседател на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам (63), деновиве во домашна атмосфера закрепнува по ампутацијата на ногата. За ,,Фокус” во телефонски разговор раскажува дека операцијата се случила пред 15 дена, и како секој ден се чувствува подобро.

-Шеќерот си го направи своето, ми беше ампутирана десната нога, до колено. Се чувствувам добро сега, дома сум, моето големо семејство е покрај мене, сите се грижат за мене и ми годи нивното внимание и љубов. Не знаеме што може да ни донесе животот, затоа се вели дека здравјето секогаш треба да ни биде на прво место. Но, јас сум доста амбициозен човек, нема запирање. Чекам да ми заздрави раната, па потоа ќе ставам протеза. Знам дека нема да биде лесно, ќе се учам повторно да чекорам, ама отсекогаш сум бил борец, за мене предавањето не е опција. Ќе застанам на нозе повторно, и со нови сили се враќам на политиката. Останувам претседател на Сојузот на Ромите, моето место е таму, ова е само една епизода од животот – вели пратеникот.

Додава дека оптимизамот никогаш не го напуштил, секогаш верувал дека се ќе биде во ред.

-Психички не паднав во ниту еден момент. Добро се држам, позитивноста секогаш ми била силна страна на карактерот. Има многу полоши нешта во животот, така гледам на работите и максимално сум посветен на брзото заздравување и враќање на стариот начин на живот. Медицината оди напред, има современи протези со кои ќе немам проблем во мобилноста. Ведриот дух не ме напушта и се заблагодарувам на сите кои ми посакаа добро здравје во овие моменти – ни изјави Бајрам.

Вики Клинчарова Фокус

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На денешен ден во с. Добрушево е роден г.г. Стефан

На денешен ден 01.05.1955 година во село Добрушево – битолско, е роден нашиот Архиепископ – Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. На многаја...

Пијан Кумановец откако дувал на дрегер почнал да се удира самиот, па потоа почнал да ги навредува полициските службеници !!

Полицајци од Куманово го привеле Г.Ш. (49) од Куманово, затоа што управувал возило под дејство на алкохол, а потоа агресивно се однесувал кон полициските...

Опожарени новите електрични Мини-Буси во Прилеп !!

Првите електрични автобуси во Прилеп кои пробно беа пуштени за превоз на патници деновиве, биле опожарени рано утринава 2.28 минути, денеска на први мај...

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на...