19.9 C
Ohrid
вторник, септември 16, 2025
HomeМакедонијаЗголемен број припадници на Армијата во дел од градовите во земјата- Ќе...

Зголемен број припадници на Армијата во дел од градовите во земјата- Ќе има ли и во Сингелиќ каде се закануваа со оружје???

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска на прес-конференција најави дека во следниот период припадниците на Армијата ќе бидат во зголемен број присутни како поддршка на Министерството за внатрешни работи и на единиците на локална самоупорава во сите општини каде што таа помош беше побарана.

<

„Можам да најавам дека припадниците на Армијата ќе бидат дополнително ангажирани во Скопје, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга, Охрид, Струмица, Куманово, Битола, Прилеп, а во текот на денешниот ден разговараме и со конкретно Општина Центар, Велес, Кавадарци и Росоман. Очекуваме ваквото поголемо присуство и учество да им помогне и на општините и на МВР да се справат со спроведување на сите мерки за заштита“, изјави Шекеринска.

Одговарајќи на новинарско прашање за ангажирање на Армијата во Куманово, Шекеринската рече дека затворањето на овој град каде што има голем број заболени, ќе значи трошење многу ресурси, а нема да го реши проблемот.

„Единствениот лек и инструмент, кој што го кажуваат сите експерти е социјалното и физичко дистанцирање на повеќе од два метри. Ние можеме со непробојни врати да го затвориме Куманово, амо излезете по кумановските улици и ако повторно видите гужва пред банки, маркети, во парк, луѓе кои не се заштитуваат дополнително со опрема ниеден карантин нема да ве спаси од болеста“, рече Шекеринска.

Таа додаде дека Армијата во помош за справување на ширењето на коронавирусот и кризата воопшто, е ангажирана во повеќе сегменти.

„Прво, помош во контрола на границите и обезбедување на сигурност, безбедност и неповредливост на границите на државата, второ поставување и чување на контролните точки на влез и излез во одредени градови или општини, трето, обезбедување на критичната инфраструктура и виталните објекти, четврто поставување на полски болници како нашата во Инфективнаата болница, и користење на воените медицински капацитети и поддршка на цивилните здравствени капацитети, обезбедување на специјализиарани тимови за биолошка и хемиска одбрана за вршење на дезинфекција, нешто што Армијата го прави веќе во повеќе општини низ цела држава. Обезбедување на инжинериски градежни услуги, како што нашите инженериски екипи го правеа во Универзитетската клиника и блиску до Инфективната клиника, достава на пакети храна до социјално ранливи категории, обезбедување на подрачја и целосна поддршка на локалните власти и на МВР“, рече Шекеринска.

Министерката, која вчера првпат ја претставуваше Северна Македонија, како полноправна членка на НАТО на телеконференцискиот состанок на министри за одбрана на земјите на Алијансата посветен на кризата со Ковид-19, рече дека од искуството што го споделиле нејзините колеги речиси и да нема сојузничка армија која не ги прави истите задачи.

На состанокот биле презентирани искуства за справување со кризата, но од аспект на одбранбениот сектор и армиите, што според Шекеринска, било добро за да се направи споредба до каде сме ние, на кој начин реагираме, и на кој начин ја мобилизираме и ја ангажираме Армијата, а како тоа се прави во другите држави.

„Ме радуваше фактот што видов дека одговорот на сојузничките армии за справување со пандемијата со широк спектар активности е речиси идентичен на начинот на кој нашата армијата ја ангажиравме и ја користиме за поддршка на цивилните власти“, рече Шекеринска.

На состанокот се разговарало како земјите членки на НАТО се справуваат со пандемијата, но и на кој начин НАТО помага во таа операција и на кој начин може повеќе да се мобилизира.

 

 

 

 

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Струга пријавени девет кандидати за Градоначалник, во Охрид четири

Најголем интерес, од општините во Југозападниот регион, е забележан во Струга каде до општинската изборна комисија се поднесени 9 кандидатури за градоначалник и 10...

Пејачката Наташа Малинкова е кандидат за советничка во Општина Кавадарци

Поп-рок пејачката Наташа Малинкова (42) е кандидат за советничка на Совет на Општина Кавадарци на претстојните локални избори. Нејзиното име се најде на листата...

Скопјанец во фолија во двор одгледувал канабис

На 16.09.2025 околу 12:30 часот во с.Ајватовци, скопско, полициски службеници Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Д.С.(47) од с.Ајватовци...

Дамките од крв сведочат за велешката трагедија: Да не добиел условна казна ова денес немаше да се случи !!!

Дамките од крв пред семејната куќа на 31-годишната Росица Коцева и нејзиниот 74-годишен татко Киро Коцев во Велес сведочат за хоророт што се случи...