4.4 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаИсус по распнувањето проговорил седум пати- ова се значајните зборови

Исус по распнувањето проговорил седум пати- ова се значајните зборови

spot_img

Христовите последни зборови за нас Христијаните се од огромно значење. Тие ни ја откриваат Неговата голема љубов и големината на Неговата жртва.

Исус од крстот проговорил седум пати – изговорил седум значајни зборови.

Прв збор – збор на опростување

Татко, прости им, оти незнаат што прават.(Лука 23,34). Овие зборови Исус ги изговорил во моментот кога крутите римски војници ко приковале на крстот. Крвниците очекувале дека Исус ќе вика од болка, како што правеле сите што биле распнати пред Него. Очекувале да им се спротистави и да ги проколнува. Меѓутоа, Тој мирно лежел на крстот, и додека тие му ги прободувале Неговите раце и нозе, Тој за нив се молел. Во тој момент се исполнило пророчанството на пророк Исаија: и беше вброен меѓу злосторниците, за да ги понесе гревовите на мнозина на Себе и за да се заземе за злочинците.(Исаија 53,12).

За кого се молел Исус во овој момент? Молејќи се за своите непријатели, Христос се молел за целиот свет, за сите грешници кој живееле и кои ќе живеат до крајот на времето. Сите се криви за распнувањето на Божјиот Син. На сите за бадијала им се нуди опростување. Кој сака може да добие мир со Божјиот дарот вечниот живот. Исусов живот стр.277.

Исус ги сожалувал луѓето поради нивното незнаење и нивните гревови. Тој се молел: Татко! Прости им незнаат што прават. И денес многу од незнаење хулат на Христа и повторно го распнуваат.Но нивното незнаење не ги ослободува од кривицата. Само оние кои ќе го увидат својот грев, кои ќе се покајат и ќе го примат Исуса како свој личен Спасител ќе примат опростување. Оние, пак кои и покрај нежните повици за покајание ќе останат рамнодушни, со своето непокајание ќе направат Исусовата молитва за нив да остане неуслишена.

Луѓето на Исус му направиле најлошо што може, а Тој за возврат се моли за нив. Ова е победа на откупителската љубов.

Оваа љубов Господ сака и ние да им ја покажеме на нашите непријатели. Тој ни порачува: Љубете ги своите непријатели, благословувајте ги оние што ве колнат, превете им добро на оние што ве мразат и молете се за оние што ве навредуваат и гонат, за да бидете синови на вашиот Отец небески. (Матеј 5,44.45)

Вториот збор – збор на спасение

Со Исус биле распнати и двајца разбојници, еден од десната а другиот од левата страна. Оној од левата страна почнал да проколнува и да хули, но оној од десната страна, веројатно дирнат од Исусовата молитва, го укорил својот другар и му рекол: зар и од Бога не се плашиш,кога си веќе и сам осуден. Ние сме праведно осудени, зашто примивме заслужена казна според нашите дела: но Он ништо лошо не направил (Лука 23,40.41). Затоа предавајќи се на Божјата милост, побарал опростување.

Сети се на мене, Господи, кога ќе дојдеш во царството свое. На тоа Исус му одговорил: Навистина ти кажувам денес: ќе бидеш со Мене во рајот. Вук го преведува овој стих на друг начин. Неговиот превод гласи: Навистина ти велам: денеска ќе бидеш со Мене во рајот. Кој од овие два преводи е точен? Што е правата смисла на овие Исусови зборови?

Прво треба да истакнемедека грчкиот збор Семерон (денес) стои помеѓу две реченици и дека ни напред ни назад нема запирка. Грчкиот оригинал е без интерпункција. Прилогот за време „денес„ затоа што се наоѓа во средината, може да стои до секоја од споменатите реченици. Само од грчкиот оригинал не можеме да да заклучиме дали прилогот „денес„ повеќе означува глагол „да кажеш или да бидеш„ или како треба да го читаме: „Вистина ти велам денес„ или „денес ќе бидеш„… Единствен начин да дознаеме што Исус мислел е преку Светото Писмо одговориме на две други прашања: 1(Дали Исус отишол во рајот во часот на неговото распнување? 2)Што Исус учел за времето кога луѓето ќе ја примат својата награда или казна?

На првото прашање наоѓаме одговор во Евангелието по Јован 20,17:И рече Исус: Не се допирај до мене, оти уште не сум се вратил при мојот Отец; На денот на своето воскреснување, третиот ден после распнувањето, Исус сеуште не бил со Отецот во рајот. Па спрема тоа ни разбојникот кој се покајал и поверувал во Христа како свој Спасител, не можел да биде со Исус во рајот во денот на Неговото распнување.

Што се однесува времето кога верните ќе ја примат наградата, Исус и Неговата реч не оставија во двоумење. Исус јасно учи дека праведните ќе ја примат наградата – вечниот живот, во воскреснувањето на верните за време на Неговото второ доаѓање. За време на своето страдање Исус му дал ветување на своите ученици: Во домот на мојот Отец има многу места за живеење. А да немаше, јас ќе ви кажев. Одам да ви приготвам место. И кога ќе отидам и ви приготвам место, пак ќе дојдам и ќе ве земам кај себе за да бидете и вие каде што сум и јас.(Јован 14,1-3). Исус ќе ги земе верните на небото во денот на своето второ доаѓање. Зашто, ќе дојде Синот човечки во славата на својот Отец со ангелите Свои и тогаш ќе му даде на секој според делата негови.

Трет збор – збор на нежност и љубов на синот спрема мајката

А Исус штом ја виде мајка си, и ученикот, кого го љубеше, како стои, и рече на мајка Си, жено, ете ти син! Потоа му рече на ученикот:ете ти мајка! И од тој час ученикот ја зема при себе.(Јован 19,26.27).

Во својот последен час, во својата најголема физичка и душевна борба Исус се грижи за својата мајка. Му ја повери на својот омилен ученик Јован знаејќи дека тој најдобро ќе се грижи за неа. Секој Христов ученик ќе покаже ист дух. Сите оние кој одат со Христа треба да чувствуваат дека дел од нивната религија е да ги почитуваат своите родители и да се грижат за нивните потреби. Оние кои во своето срце ја чуваат Христовата љубов никогаш нема да се одрече од помошта на својот татко и својата мајка на која они имаат право. Исусов живот, стр. 282. Тоа е право христијанство. Исус во овј час бил зафатен со најголемото дело кое светот некогаш го видел – СПАСУВАЊЕ НА ЧОВЕЧКИОТ РОД, НО НЕ ЗАБОРАВИЛ НА ОДГОВОРНОСТА ДА СЕ ГРИЖИ ЗА СВОЈАТА МАЈКА.

Четвртиот збор – збор на неискажана душевна болка

„А околу деветтиот час извика Исус со висок глас: Или, Или, лама савахтани! т.е. Боже мој, Божо мој, зошто Си Ме оставил? (Матеј 27,46). Исус бил распнат околу 9 часот предпладне (Марко 15,25). На пладне одеднаш натприродна темнина го покрила крстот и цела Голгота. Кога Исус се родил во Витлеем на сред ноќ небесна светлина одеднаш ја растргнала темнината, а сега кога Исус влегол во својата смртна борба, точно напладне се спуштила на земјата густа темнина.

Исус сега влегол во втората фаза на своето страдање. Тој бил прикован на крстот, и крстот бил исправен. Целата тежина на Исусовото тело лежела на прикованите раце и нозе. Треска го мачела Неговото тело. Исус поднесувал страшни физички болки. Но уште пострашно од Неговото физичко страдање била Неговата душевна болка. Он ги земал на себе гревовите на светот, и сега почувсвувал дека помеѓу Него и Отецот постои прекин на врската. Почувствувал дека е напуштен не само од луѓето туку и од Бога. Тогаш Неговото срце се здробило од болка: Боже мој, Боже мој, зошто си ме оставил? (Матеј 27,46).

Во овој час на страдање нашиот Спасител ги изговорил зборовите од псалмот 22,1, кои се напишани илјада години порано, а се однесувале на Него.

Христовото страдање сведочи за тоа како гревот е страшен и колку се страшни неговите последици. Гревот со себе носи физички последици а Исус ги почувствувал во своите прободени раце и нозе. Но гревот носи и морални последици, кој Исус ги искусил во својата смртна борба во Гетсиманија, но гревот донесува и последици од духовен карактер, а Тој ги искусил во чувството на напуштеност, и одвојувањето од Бога. Токму тоа чувство на напуштеност, и одвојување од Бога е главната последица на гревот која Исус ја искусил во тој час на крстот.

Сатаната навалувал на Исус со своите страшни искушенија. Спасителот не можел да гледа преку гробот. Надежта не му зборувала за победате над гробот, ни за тоа дека Отецот ќе ја прими неговата жртва. Знаејќи колку го мрази Бог гревот, Тој се плашел да не биде засекогагаш раздвоен од Бога. Христос почувствувал страв кој ќе го почувствува секој грешник кога веќе милоста нема да посредува за секој грешен човек. Чувството на грев, заради кој на Него како човеков заменик почивал Божјиот гнев – ете тоа ја напревило Исусовата чаша толку горка, тоа го скршило срцето на Божјиот Син. Исусов живот стр. 383.

Исусовиот извик не бил извик на очајување. Душата која очајува не се обратува никогаш на Бога. Исусовиот извик, напротив, изразувал поверение во Отецот и надеж дека сонцето пак ќе се појави и ќе ја растргне темнината.

Овој извик на крстот ни го открива страшното Негово страдање и длабочината и широчината на Неговата неизмерна љубов.

Петти збор – збор на страдањето

По ова Исус,знаејќи дека е свршено се,за да се исполни Писмото, рече: Жеден Сум! (Јован 19,28).

Не е чудо што Исус бил жеден. Се што поднесувал на крстот предизвикувало неиздржлива жед: губење на крв, не нормална положба на телото кое се потпирало на прикованите раце и нозе, отворените рани изложени на воздухот, температурата која го тресела Неговото тело.

Во почетокот кога Исуса го ковеле на крстот, понуден му е пијалок кој требало да му ги отупи Неговите сетила, така што да не би чувствувал толкава болка. Исус го одбил тој пијалок, затоа што бил опоен. Требало потполно свесен да ја поднесе сета таа болка и смрт за човечкиот род.

Сега барал пијалок, и му дале оцет помешан со жолчка. Тој пијалок Тој го вкусил затоа што не бил алкохолен, и со тоа го исполнил пророчанството од Псалм 69,21: Во јадењето ми замешаа жолчка, во мојата жед ме напоија со киселина.

Шести збор – збор на победа

И кога се напи оцет Исус рече:„Се сврши!„ И во тој час крстот го осветли светлост. Исус ја подигнал и извикнал на арамејски јазик „тетелестај„ – се сврши! Тоа значи дека верно ја исполнил мисијата која му ја одредил Отецот. Со овие зборови Исус констатирал, дека сите пророчанства кои се однесувале на Него се исполниле, сите симболи се оствариле, и дека е сторено се што било потребно за спасение. Исус со ова воскликнување изразил задоволство од исполнетиот план.

Кога Исус извикал: се сврши! свештеникот во Ерусалимскиот храм се припремал да принесе јагне за жртва, кое го преставувало Месијата. На сите присутни очите им биле вперени во свештеникот, облечен во свечена облека која имала огромно значење. Тој во рацете држел нож како некогаш Аврам кога се припремал да го жртвува својот син. Но земјата се затресила затоа што Господ се приближувал. Внатрешната завеса на храмот со сила на една невидлива рака, се разделила одозгора па надолу…, што значело дека светињата над светињите во земниот храм го изгубила своето значење.

Сите ги обземало страв. Ножот паднал од подигнатата рака на свештеникот кој сакал да принесе жртва и јагнето побегнало. Претсликата се исполнила во вистинската смрт на Божјиот Син.Принесена е голема жртва – Божјото Јагне. Отворен е патот во небесната светиња над светињите. Припремен е новиот и жив пат. Исусов живот стр.285.286.

Седми збор – збор на предавање

Татко, го предавам Својот Дух во твои раце. И кога го рече – издивна.(Лука 23,46). Овие последни зборови му се упатени на Отецот. Исус својот живот му го предава на Отецот, задоволен што планот на спасението е завршен.

На крстот на Голгота Исус го извршил делото на откупување. Со својата драгоцена крв ја платил цената за нашиот откуп. Апостол Петар вели дека не сте откупени со распадливи нешта, со сребро или со злато, туку со скапоцената крв на Христа, како невино и чисто Јагне.(1.Петрово 1,18.19).

Со својата смрт на крстот Христос го премостил јазот кој го направил гревот помеѓу Бога и човекот. На сите сега им е овозможен пристап до Отецот. Благодарејќи на Христовата жртва, сега сите можат преку вера и покајание да постанат деца Божји и наследници на вечниот живот.Крстот ни открива две вистини: Од едната страна ужасот на гревот кој бара смрт на невиното Божје Јагне – кое се изедначило со нас земајќи ги на себе нашите гревови, и, од друга страна, неизмерната Божја љубов, која го принела на жртва најголемиот дар – својот единороден Син, и преку Него да ни даде спасение. Размислувајќи за последните Христови зборовина крстот и за значењето на Неговата жртва, не можеме а да не извикнеме заедно со апостол Павле: Благодарение на Бога за Неговиот неискажлив дар.(2.Кор.9,15). Се што Исус напревил за нас, не повикува и не поттикнува на љубовта да возвратиме со љубов и потполно да му се предадеме Нему имајќи само една желба: со посветен живот и предана служба да го прославиме и со тоа да докажеме дека ја цениме Неговата жртва и дека на Него навистина сме му благодарни.

kurir

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...