17.9 C
Ohrid
четврток, август 14, 2025
ПочетнаМакедонијаДиректорот на охридската болница: Наредив да се прима секој пациент, ние немаме...

Директорот на охридската болница: Наредив да се прима секој пациент, ние немаме право да ги враќаме

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Новиот директор на Општата болница во Охрид, Горан Балевски, вели дека веднаш по неговото назначување дал наредба да се примаат сите пациенти кои ќе побараат помош, откако претходно, неговата колешка Славица Малеска беше разрешена поради тоа што персоналот на Инфективниот оддел вратил 66-годишна стружанка која барала хоспитализација, по што, таа почина. Балевски во интервју за „А1он“ вели дека имаат хоспитализирано пет лица кои се сомнителни, но нема резултати за да се види дали се заразени со коронавирусот.

<

-Мислам дека добро се справуваме со пандемијата досега. Моменталното на Инфективното одделение имаме сомнителни пациенти кои не се докажани. Земени се брисеви. Петте непотврдени случаи се 80% од Струга, 20% од Охрид. Тие се во стабилна здравствена состојба и се следат од вработени на Инфективниот оддел. Случаите кои се докажани дека имаат коронавирус, а се со полесна клиничка слика ги испраќаме во болницата во Битола, а пак, оние со потешка клиничка слика во скопските клиники, рече Балевски во изјава за порталот.

Директорот Балевски не сакаше да коментира за недостатоците кои ги констатираше ДСЗИ во болницата, за што беше разрешена неговата претходничка. Тој вели дека сега ги изменаџирал сите работи. Инфективното одделение во Охрид има 10 кревети, а бројот на медицински кадар е дуплиран, посочува Балевски.

-Наредив секој пациент да се прима, тоа е првата наредба која е дадена од мене. Ние немаме право да враќаме, без разлика од кој дел на државата доаѓа пациентот. Охрид и охридската болница примаат пациенти од целиот регион. Не верувам дека некој пациент не е задоволен од оваа болница. Имаме оддели на кои пациентите 70 проценти се од други градови, посочува Балевски.

Видео од разговорот со директорот погледнете на а1ОН

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Познато целото име и презиме на Македонецот од Струмица кој е убиен во Боливија

Познат е целосниот идентите на македонскиот државјанин убиен во јужноамериканската држава Болиција, заедно со уште двајца српски државјани. Како што објавија пред малку српските...

Тела на двајца Срби и на еден Македонец пронајдени во црни вреќи

Двајца Срби и еден Македонец, беа убиени во прсметка на нарко-картел во Јужна Америка.Телата на двајца Срби и еден Македонец убиени во Јужна Америка,...

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...