На 16-ти април 2020 година, во 13:05 часот во СВР Охрид, 29-годишниот И.П. од Охрид пријавил дека од страна на непознати лица со патничко возило „Фолксваген голф“ бил грабнат неговиот брат, 33-годишниот Б.П. од охридската населба Рача.– Притоа, тој добил порака да даде пари за да биде пуштен брат му. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид.
OhridPress