15.9 C
Ohrid
сабота, август 16, 2025
ПочетнаМакедонијаИсповед на велешанецот Ѓоре Давчевски: Од една страна сум среќен што го...

Исповед на велешанецот Ѓоре Давчевски: Од една страна сум среќен што го победив коронавирусот од друга тагувам по мојот татко..

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Кога попладнево медицинска сестра од инфективното одделение на велешката болница влезе во собата на Ѓоре Давчевски, тој само што беше заспал. Веќе подолго време се чувствува добро, откако пред три недели му беше дијагностициран коронавирус. Но, целата голготата низ која помина тој и неговото семејство во последните триесеттина дена, ќе ги памети цел живот. Тагата по неговиот татко, кој пред пет дена почина од оваа болест која го нападна целиот свет, сеуште е голема. Веројатно така ќе биде цел живот. Но, веста со која медицинската сестра го разбуди од попладневниот сон, беше огромно олеснување за него. И вториот тест за коронавирус е негативен! По речиси три недели поминати во болницата Ѓоре Давчевски ја победи болеста и си оди дома. Кај својата сопруга, со која наскоро очекуваат принова.

<

„Чувствата ми се измешани. Се радувам што успеав да победам во најтешката и најважната битка во мојот живот. Се радувам што моето дете ќе живее со двајца родители. Но, жал ми што татко ми не го дочека внукот“, ја почна својата приказна Ѓоре.

Тој и неговиот татко беа меѓу првите велешани кои се инфицираа со вирусот. Мноштвото контрадикторни вести за болеста дополнително го исплашија.

„Да, признавам дека се исплашив кога ми соопштија дека тестот ми е позитивен. А кој не би се исплашил во таква ситуација. Но, знаете, отакако ќе го добиете она од што најмногу се плашите, тогаш стравот едноставно исчезнува. Тогаш се раѓа инаетот, натчовечката желбата да се борите со невидливиот непријател и да го победите“, вели 32-годишното момче.

Тој има само пофални зборови за третманот на инфективното одделение во велешката болница.

„Упатувам јавна благодарност до сите здравствените работници кои несебично беа за мене тука и дење и ноќе. Тоа се луѓе кои секојдневно го жртвуваат својот, за да спасат други животи. Им благодарам и на сите оние пријатели кои што беа со мене во овие тешки моменти“, вели Ѓоре.

По два направени теста, едниот во вторникот, а другиот ден подоцна, Ѓоре Давчевски денеска ја слушна убавата вест – тие се негативни.

„Конечно можам да се вратам кај мојата сопруга дома, за големиот празник Велигден. На сите кои се заразија со вирусот им посакувам што побрзо опоравување. Ја користам оваа прилика на сите наши граѓани да им ги честитам Велигденските празници и да им порачам да ги почитуваат мерките за заштита од ширење на вирусот. Само така најдобро ќе се сочуваат себе си и своите најблиски, вели Давчевски.

batali.net

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нов крвав инцидент во пихијатриската болница Бардовци!

Вчера наутро, лекари од психијатриската болница во Бардовци пријавиле дека претходната вечер во болницата се случил инцидент во кој еден пациент нападнал друг, а...

Малолетно девојче натепано од 64 годишна жена.

На 14.08.2025 околу 23:00 часот во СВР Скопје, И.В.(43) од Скопје пријави дека околу 22:10 часот на подрачјето на Гази Баба, неговата малолетна ќерка...

Лишен од слобода 19-годишник во Тетово поради предизвикување пожар

Денеска (15.08.2025) околу 16:15 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.М.(19) од Скопје, со привремено место на живеење...

Што се знае за Македонецот кој пукаше во Марко Љубиша – Кан: Бил во хотелот како српски државјанин, еве како избегал

Андреј Танасковски (18) од Македонија е осомничен за обид за убиство на Марко Љубиша, познат како Кан (56), од Будва. Во тек е интензивна потрага...