27.9 C
Ohrid
четврток, август 14, 2025
ПочетнаМакедонијаНа аеродромот во Скопје пристигна Благодатниот оган

На аеродромот во Скопје пристигна Благодатниот оган

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

И покрај сложената ситуација поради распространувањето на вирусот Kовид-19 и затворените граници меѓу државите, во знак на големото пријателство меѓу нашиот и грчкиот народ и оваа година, за радост и поткрепа на христијанските верници, во земјава пристигна светиот оган, познат и како благодатен оган.

<

За благодатниот оган се верува верува дека секоја година на Велика Сабота самиот се пали во Светиот Гроб на Господ Исус Христос во Ерусалим.

Благодатниот оган пристигна во нашата земја од соседна Грција, од аеродромот во Атина.

Според информациите што ги доби МИА огнот е донесен авион од приватната грчка авиокомпанија Epsilon Aviation, по претходен договор меѓу властите на Северна Македонија и на Грција. Најголемиот дел од трошоците за летот ги покри Горан Трипуноски од Кичево.

На аеродромот во Скопје светиот оган беше дочекан од претставници на Владата и потоа предаден на Црквата.

Преземањето на светиот оган од Ерусалим се случува секоја година на Велика Сабота и повеќето православни држави, како на пример, Грција, Русија, Украина, Бугарија, Грузија, Романија и други, го прават со владини почести.

Во Република Северна Македонија светиот оган прв пат пристигна на Велигден во 2009 година, во организација на игуменот на Бигорскиот манастир, архимандрит Партениј, а тогаш преку пријатели од Грчката Црква беше преземен од Солун.

Девет години по ред бигорското братство го носеше Благодатниот Оган во Македонија, а во последните две беше носен на државно ниво преку Бугарија. Оваа година по светиот оган во Ерусалим полетаа државни авиони од Грција, Романија, Грузија, Русија и Украина.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата поднесе пријава за лицето кое влечеше куче со возило

Поднесена пријава за лицето кое влечеше куче со возило На 13.08.2025 во 14:45 часот во ОВР Крива Паланка бил извршен службен разговор со З.М. (59)...

Од денес е во функција новата клучка што ги поврзува Охрид и Струга, како и Македонија и Албанија.

Се пушта во употреба клучката Подмоље, клучка која ги спојувува Охрид и Струга, но и Албанија и Македонија, а интензивно се работи и на...

Пожарникари од Крива Паланка спасиле куче влечено од автомобил, па фрлено во речно корито.

По добиена дојава за фрлено куче во бездна со тим од двајца пожарникари излеговме на лице место и пристапивме со негово извлекување и предавање...

Четиригодишно дете од Куманово се затруло со детергент.

Уште еден случај на затруено дете во Куманово, евидентира кумановската полиција. Станува збор за четиригодишно дете, случајот во полицијата го пријавиле од кумановската болница. –...