8.9 C
Ohrid
петок, мај 3, 2024
ПочетнаМакедонијаКој е Венко Филипче, внукот на Иракли Филипче и поврзаноста со Христо...

Кој е Венко Филипче, внукот на Иракли Филипче и поврзаноста со Христо Узунов

spot_imgspot_img

На 20 Април Охридскај обзнани Кој е доктор Венко Филипче кој во најтешките моменти во историјата на македонскиот народ го води здравствениот систем. Она што до сега не сте го знаеле, во мал дел го опишавме. Во кратки црти го опишавме дел од фамилијарното стебло на Др венко Филипче, пишувавме за неговиот прадедо Иракли Филипче, беше најбогатиот човек и хуманист во постарата историја на Охрид. Иракли Филипче бил чувар на Охридските скапоцености во една од седумте регии во стар дел на Охрид попозната како Пандонос. Пишувавме за дедото на Венко Филипче, Никола Филипче кој бил оснивач на ТМРО, учител и личен пријател со тогашниот висок преставник на Европа во Македонија Еторо Лоди.

КАКО ИРАКЛИ ФИЛИПЧЕ И ИТАЛИЈАНЕЦОТ ЕТОРО ЛОДИ СЕ ОБИДЕЛЕ ДА ГО ОТКУПАТ ТЕЛОТО НА ХРИСТО УЗУНОВ.

Цер, 24 април 1905, опколен со својата чета од трускиот аскер, загинува македонскиот револуционер Дуле Узунче- Христо Узунов. На 25 април 1905 година во Цер заминуваат претставници од Охрид предводени од браќата Иракли и Ставре Филипче заедно со преставникот на Европа Италијанецот Еторе Лоди.Во Цер затекнале страшна слика , која италијанецот Еторе Лоди ја опишува во својата телеграма испратена до Италија и конзулите на земјите кој тогаш беа присутни во Македонија, телеграмата ја има следната содржина :

–„ А саможртвата на Дуле Узунче „На другиот ден после бојот ја видов во Цер страшната слика што никогаш нема да ја заборавам. Труповите на 11 млади јунаци сите со отворени рани по градите и по челото. Се самоубија, за да не паднат живи во рацете на непријателот. Ми го покажаа војводата. Узунов лежеше прострен на подот со раширени раце, а погледот на неговите мртви и отворени очи гледаше горе, во бескрајот. Од челото уште течеше крв… Ја видов Македонија во тој момент – маченица, велика, непобедива“!

Од страна на браќата Иракли и Ставре Филипче, на битолскиот валија кој бил присутен во Цер, му биле понудени 2000 алтани за мртвото тело на Христо Узунов, да биде превземено и да биде погребано во Охрид. Турскиот Валија дава наредба на аскерот веднаш да биде врзан Иракли Филипче и да се спроведе во Битолските занадани. Како што опишува Еторе Лоди во своите писма до конзулите и покрај неговите заложби да биде ослободен Иракли Филипче, заложбите останале пуста желба на Еторе Лоди и Ставре Филипче. Иракли Филипче измачуван по пат за битолските зандани умира во близина на село Смилево. После една недел неговото тело го откупува неговиот брат по големи молби од страна на Еторе Лоди и тогашниот Охридски епископ. Иракли Филипче погребан е во дворот на тогашната архиепископска црква Света Богородица Перивлепта во охридски варош на 100 метри од неговиот дом, со највисоки црковни почести. Погребан е на 100 метри од црквата Свети Богородица Пандонос, која Иракли Филипче ја возобновил на темели на разрушената црква.

За време на својот живот Иракли Филипче ќе биде запамтен во историјата на Охрид, како голем човек хуманист, кој одгледал над 50 сирачиња, кој останале без своите родители, кој биле убиени од страна на турскиот аскер. Сите тие деца Иракли Филипче ги одгледал и им направи домови, помагал на сите сиромашни фамилии во Охрид.

Сашо Денесовски

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: Денес е најтешкиот ден во Христијанството, ден на христовите страдања за човештвото.

Велики петок (уште нарекуван и Распет петок) се смета за најтежок празник во христијанската религија. Настанот кој е поврзан со овој празник е христовото...

ГРК Охрид обезбеди пласман во Европските ракометни купови

ГРК Охрид оберзбеди учество во европските купови, откако вечерва во салата „Билјанини извори“ ја совлада екипата на Пролет 29:22, полувреме 16:10, во натпревар од...

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 8.30 часот, во водите на реката Вардар блиску до местото наречено „Јаниташ“, пронашле тело на починато машко...

МТВ: Уредно беа поканети двајцата кандидати, тимот на Пендаровски не прифати ни еден од понудените термини

Од Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел на МТВ. Оттаму велат дека на 26 април...