29.9 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаМакедонијаПолицијата со мегафони ги предупредува граѓаните за неносење маски..

Полицијата со мегафони ги предупредува граѓаните за неносење маски..

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски денеска одржа онлајн прес конференција на која информираше за состојбата во Прилеп со кopoнавиpycoт.

<

„Од денес среда 22 април, се воведува мерка за забрана за движење на населението на подрачјето на општина Прилеп без носење на соодветна заштитна опрема – маска, шал, марама и слично, надвор од своите деомови, на сите јавни места и површини од отворен и затворен тип, како и затворени простории, маркети, продавници и слично. Општина Прилеп им препорачува на сите граѓани од нашата општина, да го редуцираат излегувањето од своите домови. Тоа да го прават само од најнеопходни причини, односно заради одење на своите работни места, како и излегување од својот дом на само еден член на семејството, заради купување намирници и лекови од маркетите и аптеките. Истовремено, врз база на новите мерки кои се однесуваат на општина Прилеп, заедно со ОВР – Прилеп подготвивме посебен оперативен план кој стапува на сила од утре, за присуство и дејствување на полицијата на подрачјето на општина Прилеп, преку користење на засилени патроли и засилено присуство на полицијата, користење на мегафонска опрема од полициските возила на јавните места и површини, со цел контрола над почитувањето на одлуките, мерките и препораките донесени од Владата“, изјави на денешната прес конференција градоначалникот Илија Јованоски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...

Стружани сами си го поправија дрвениот мост на реката Црн Дрим.

Чекаа реакција од градоначалникот, но залудно – па стружани решија работата да ја превземат во свои раце. Еден од дрвените мостови на шеталиштето покрај...