16.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаМвр со видеоснимка од магацинот каде што беа запленети 1.240 кг марихуана

Мвр со видеоснимка од магацинот каде што беа запленети 1.240 кг марихуана

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерството за внатрешни работи – Бирото за јавна безбедност, Одделот за криминалистичка полиција во рамки на засилените мерки во борбата со недозволена трговија со дрога во координација и по насоки од Основно јавно обвинителство Кавадарци вчера во магацин во скопската населба Бутел пронајде и одзеде 12 дрвени палети во кои биле складирани 1.240 килограми марихуана, спакувана во повеќе полиетиленски вакумирани пакувања и полиетиленски вреќи.– На 14 април 2020 од страна на ОКТИВ при МВР е изготвено вештачење со кое се констатира дека засадениот коноп претставува опојна дрога –марихуана чие што одгледување е регулирано со Закон за контрола на опојни дроги. На 22.04.2020, повторно се дадени насоки од јавен обвинител од ОЈО Кавадарци, со цел да се обезбеди претставникот на правното лице Н.Ј (42) од с. Жилче, општина Јагуновце, со цел да се изврши службен разговор, а марихуаната која била складирана во магацин во населба Бутел да биде одземена и да се изврши дополнително вештачење. Повторно на 22 и 23.04.2020 година се извршени дополнителни две вештачења при што произлезе дека материјалот одземен за вештачење претставува опојна дрога марихуана со вршунки, цвет, семе и присуство на ТХЦ материја, која е забранета според Закон за контрола на опојни дроги, се појаснува во соопштението од МВР.

<

Против претставникот на правното лице и правното лице ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „неовластено производство, пуштање во промет на психотропни супстанци и прекурсори”, а одземената марихуана заедно со кривичната пријава ќе бидат доставени до ОЈО Кавадарци за понатамошна постапка во текот на денешниот ден.

ммс

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...