16.9 C
Ohrid
петок, август 15, 2025
ПочетнаМакедонијаВенко Филипче: За скоро време можно е и заболените од Ковид-19 да...

Венко Филипче: За скоро време можно е и заболените од Ковид-19 да плаќаат за здравствените услуги.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерот за здравство Венко Филипче на ја исклучува можноста хоспитализираните заболени од Ковид – 19 да плаќаат партиципација за болничкото лекување.

<

-Со одлука на Влада ги покриваме трошоците за сите кои не се здравствено осигурани, но можно е да земеме во предвид и плаќање на партиципација. Ќе направиме финансиска конструкција. Тоа може за неколку дена да биде завршено, рече Филипче во одговор на прашање на денешната прес-конференција.

За соопштението испратено од директор на една клиника до вработените во кое им порачува дека излегување во медиуми е дозволено само со писмена согласност од директор и оти ќе биде санкционирано секое излегување во медиумите кое и штети на угледот на клиниката и ја разнишува довербата на вработените во услови на криза и влева недоверба во постапувањето на епидемиолошките служби и институциите на системот, рече дека ќе го провери и ќе информира што е причината за ваквата комуникација со вработените.

-Разговарав со директорката непосредно пред започнувањето на прес-конференцијата и ја замолив да ми ги прати сите мејлови и комуникација. Лично не се согласувам со ограничување на информациите. Стојам зад тоа отворено, транспарентно и точно да информираме во било кој момент и дека не поддржувам какво било ограничување на каква било комуникација. Ќе разговарам, па ќе информирам што е причината или позадината на ваквата комуникација, потенцира Филипче.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Хероите од Октиси – цела ноќ на нозе во борба со огнената стихија

Хероите од Октиси – цела ноќ на нозе во борба со огнената стихија . Жителите на селото Октиси од синоќа не ја напуштаат линијата на фронтот...

Полицијата поднесе пријава за лицето кое влечеше куче со возило

Поднесена пријава за лицето кое влечеше куче со возило На 13.08.2025 во 14:45 часот во ОВР Крива Паланка бил извршен службен разговор со З.М. (59)...

Од денес е во функција новата клучка што ги поврзува Охрид и Струга, како и Македонија и Албанија.

Се пушта во употреба клучката Подмоље, клучка која ги спојувува Охрид и Струга, но и Албанија и Македонија, а интензивно се работи и на...

Пожарникари од Крива Паланка спасиле куче влечено од автомобил, па фрлено во речно корито.

По добиена дојава за фрлено куче во бездна со тим од двајца пожарникари излеговме на лице место и пристапивме со негово извлекување и предавање...